Бенѓин () — град кој се наоѓа во Полска, во Шлеското Војводство, со население од 58,639 жители според податоци од 2008 годинаPowierzchnia i ludność w przekroju terytorialnym w 2008 - Central Statistical Office in Poland ISSN 1505-5507 , 13.08.2008. Бенѓин е седиште на истоимениот округ.

Историја thumb|right|220px|Замокот кон почетокот на 20 век thumb|right|220px|Црквата Св. Троица thumb|right|220px|Градска библиотека thumb|right|220px|Дворец „Мерошевски“ thumb|right|220px|Столб

Првите векови

Првото споменување на селото Бенѓин е од 1301 година, но како населба постоел уште од 9 век. Низ него поминувал антички трговски пат од Киев до Западна Европа. Во 1340-те населбата започнала да се развива кога кралот Касимир III Велики изградил замок. На 5 август 1358 година на градот му биле доделени градски права како дел од Краковското Војводство во Мала Полска.

Во Јагелонскиот период Бенѓин, кој се наоѓа на границата меѓу Мала Полска и Шлеја, бил голем трговски центар. Во 1565 кралот Сигисмунд II Август му овозможил на градот да има пет пазарни денови во една недела. Во 1655 година, за време на Потопот, градот и замокот биле уништени од страна на Швеѓаните и Бенѓин не се опоравил од уништувањето за многу години. По поделбата на Полска, градот бил вклучен во составот на Кралство Прусија, додек во 1815 година станал дел од Конгресна Полска.

Обновување на градот

Во доцниот XVIII век биле пронајдени богати наоѓалишта на јаглен во областа. Во XIX век, градот и неговата околина започнале со период на брза индустријализација и урбанизација. Во тој период биле основани нови населби и градови, и регионот на Заглембе Домбровске бил основан во југозападниот дел на Конгресна Полска. Во 1858 година, Бенѓин ја добил својата прва железничка врска, поради изградбата на железничката пруга од Варшава до Виена. Во овој период градот значително се зголемил по површина и по број на население.

Железничката станица на градот била отворена во 1913 година. За време на Втората полска република градот бил важен центар на локалната администрација и индустрија. Во текот на овој период биле изградени нови железнички станици, водовод, училиштата и канцеларии.

Втора светска војна

На 4 септември 1939 година, Вермахтот влегол во градот и во рок од неколку месеци било основано гето. За време на окупацијата, името на градот било променето во Бендсбург како главен град на истоимениот округ.

За време на Втората светска војна во градот биле сместени сојузничките затвореници. Во јануари 1945 година, по советската офанзива затворениците биле ослободени но голем дел од нив починале од студ и исцрпеностLamsdorf: Stalag VIIIB 344 Prisoner of War Camp 1940 - 1945 - Home.

На 27 јануари 1945 година, градот бил ослободен од страна на Црвената армија. Замокот бил повторно изграден како и неколку фабрики.

Еврејска историја

До Втората светска војна, Бенѓин имал неколку еврејски заедници. Според рускиот попис од 1897 година, од вкупно 21.200 жители на градот, 10.800 биле Евреи или околу 51% процентJoshua D. Zimmerman, Poles, Jews, and the politics of nationality, Univ of Wisconsin Press, 2004, ISBN 0-299-19464-7, Google Print, p.16. Според полскиот пописот од 1921 година градот имал еврејска заедница која се состоела од 17.298 луѓе, или 62,1 % од вкупното населениеJewish Historical Institute community database http://www.jhi.pl/en/gminy/miasto/613.html .

Во септември 1939 година, германската армија (Вермахтот) ја зазеле оваа област убивајќи 200 евреи. Освен тоа во градот била запалена и синагогатаDissonant Lives: Generations and Violence Through the German Dictatorships By Mary Fulbrook page 176. Гетото во градот било основано во 1942 година. Во летото на 1943 година поголемиот дел од еврејското население било депортирано во близина на германскиот концентрационен логор во Аушвиц.

Географија

Градот е историска престолнина на областа Заглембе Домбровске (Мала Полска) и се наоѓа покрај реката Чарна Пшемша во географскиот макрорегион Шлеска Висорамнина. Бенѓин се наоѓа на 13 километри североисточно од војводското седиште Катовице, на 6,1 км северно од центарот на Сосновец и на 5,9 километри западно од центарот на Домброва Гурничаhttps://www.google.bg/maps (посетен на 14.01.2014 г.).

Највисоката точка во градот е планината Св. Дорти (382 метри надморска височина). Целокуппната област зафаќа површина од 37,08 квадратни километриPowierzchnia I ludność w przekroju terytorialnym w 2014 r., Główny urząd statystyczny, Warszawa, 2014, стр.137 (посетен на 14.01.2015 г.).

Административна поделба

Варпе Гжихов Гроџец Ксавера Лагиша Малобонѕ Сиберка Шрудмешче

Население

Во 1827 година градот имал 256 куќи со 2.254 жители. Во 1858 година имал 361 куќи со 4.140 жители, од нив 2.445 Евреи. Кон 1880 година во Бенѓин имало 365 куќи со 6.090 жители, од кои 1.403 христијани и 4.687 Евреи.Słownik geograficzny Królestwa Polskiego i innych krajów słowiańskich, Tom I, Warszawa, 1880, s.166..

Според податоци од Полската Централна статистичка служба, на 1 јануари 2014 година населението на градот изнесува 58.425 лица. Густината е 1.563 лица на квадратен метар

Демографија

1360 - 240 1510 - 1 400 1673 - 346 1789 - 1 200 1852 - 3 858 1901 - 30 124 1910 -50 500 1918 - 30 259 1939 - 52 000 1945 - 25 600 1960 - 39 000 1979 - 78 800 1990 - 75 400 2000 - 59 719 2009 - 58 726

Сообраќај

Бенѓин се наоѓа во пресекот на два национални патишта - 94 (Згожелец - Краков), а во 86 (Катовице -Варшава). Меѓународниот аеродром Катовице се наоѓа 23 км далеку од градот. Градот, исто така е железнички центар кој има три железнички станици, и удобни автобуски и трамвајски врски со соседните градови. Првата трамвајска линија се отворила во 1928 година.

Личности Рутка Ласкиер - родителите на Жан Мари Лустиже Џошуа Правер - израелски историчар Моника Јаросинска - глумица

Збратимени градови Ижевск, Русија Татабања, Унгарија Каишијадорис, Литванија

Наводи

Надворешни врски

Official web page of the city of Będzin (Polish) Jewish Community in Będzin on Virtual Shtetl A Memorial to the Jewish Community of Będzin Będzin, Czeladź, Dąbrowa Górnicza, Sławków, Sosnowiec http://www.oup.com/us/catalog/general/subject/HistoryOther/MilitaryHistory/WWII/?view=usa&sf=toc&ci=9780199603305 http://blog.oup.com/2012/08/bedzin-1942-2012-small-town-auschwitz/

Категорија:Градови во Шлеското Војводство Категорија:Бенѓински Округ Категорија:Населени места основани во 9 век