Лавал — град во западна Франција, оддалечен околу 300 километри југозападно од Париз, и е главен град на департманот Мајен. Лавал пред француската револуција бил дел од покраината Мен, сега поделена помеѓу два департмани, Мајен и Сарт. Општината Лавал, без метрополитенската област, е тринаесетта најнаселена во северозападна Франција и 119. во целата држава.

Дел од традиционалната провинција Мен, Лавал е сместен на почетокот на областа Бретања и не е далеку од Нормандија и Анжу. Заради тоа било важно упориште во северозападниот дел на Франција во текот на средниот век. Лавал станал град во текот на 11. век, и бил дом на династијата Лавал, едно од најсилните семејства во Мен и Бретан. Грофовите на Лавал развиле текстилна индустрија околу 1300 година и од Лавал направиле значаен центар за француската ренесанса век подоцна. Оваа индутрија останала главна дејност во Лавал сè до 20. век, кога преработкатата на млеко станало многу попрофитабилно.

Лавал е развиен околу ’рт, на кој бил изграден замокот, и по текот на реката Мајен. Метрополитенската област на градот е мал економски центар во западна Франција, главно активен во индустрискиот сектор, производството на млеко, електроника и хемикалии. Лавал е економски ориентиран кон Рен, административниот главен град на регионот Бретања, и сместен 80 километри западно од Лавал. Во рамките на градот живеат 51,182 жители, а околу 120.000 лица живеат во метрополитенската област

Лавал е родното место на Анри Русо, голем сликар од наивен стил, и во градот има музеј посветен на него и на другите сликари од истиот стил. Лавал исто така поседува значајно архитектонско наследство, како замокот, дел од градските ѕидини, средновековни куќи, стари мостови и цркви.

Историја Среден век

Пред изградбата на замокот во 11. век, Лавал не постоел. Сепак, местото на градот веќе било премин бидејќи се наоѓало на римскиот пат кој го поврувал Ламанш со Корсел, провинцискиот главен град на денешна Бретања. Покрај тоа, некои делови од територијата на градот биле населени од Гали. На пример, галска стела била откопана во предградието Приц, северно од центарот. Капелата во Приц била откриена на тоа место во 710 година.Actus pontificum Cenomannis, p.213. Телото на Тудвал, бретоњски светец, се верува дека било донесено во Лавал во 870 ии 878 година, за време на инвазијата на Норманите во Бретања.Vies des saints de Bretagne, Dom Lobineau, M. Tresvaux, t.I., page 187.

Аристократското англиско семејство Делавал го добило презимето од Лавал. Тие му биле придружба на Вилијам I во неговата инвазија на Англија во 1066 година, и биле наградени со земјишта во Нортамберланд кои сè уште ги поседуваат.

Територијата на Лавал имала стратегиска важност бидејќи патниците кои оделе по римскиот пат морале тука да ја преминат реката Мајен со брод. Во текот на 10. век, прва воена градба била изградена тука, а била спомената и вила кон крајот на векот во документ изграден од грофот на Мен. Околу 1020 година, Герберт I од Мен го понудил новото баронство Лавал на Гиј I, кој станал прв лорд на градот. Гиј I изградил нов замок и градот полека се појавил околу римскиот пат и на бреговите на реката.

Замокот изграден од Гиј I бил многу поширок од денешнata конструкција. Тој бил опкружен од земјен ѕид и се протегал од денешната кула до катедралата. Издигнат одбранбен насип изграден над ѕидот го контролирал пристапот до врвот на ’ртот, каде живеел лордот, и втор насип веројатно се наоѓал внатре во замокот. Базиликата во Авењер, сместена неколку километри јужно од замокот, била основана во 12. век од Гиј III. Околу 1200 година, земјениот ѕид бил срушен и замокот станал помал, добивајќи го сегашниот изглед. На местото на ѕидот, градот развил свој одбранбен систем.

Беатрикс од Гавере, жената на Гиј IX од Лавал, која живеела во 13. век, се верува дека била зачетник на текстилната индустрија во градот. Родена во Фландрија, таа донела со себе фландриски ткајачки, и го поттикнала производството на лен. Ткаењето лен останало главна економска дејност во градот сè до 19. век

Во текот на стогодишната војна, градот бил заземен од англиските сили во 1428 година, предводени од Џон Талбот. Тој повторно станал француски една година подоцна. Борбите предизвикале големи штети и градот бил целосно повторно изграден потоа. Така сите полудрвени куќи кои сè уште стојат во средновековниот центар не биле изградени пред 15. век. За време на тој период, ѕидовите на градот биле завршени со додадвање на силна артилериска тврдина во иновативен дизајн, позната како Tour Renaise. Околу 1450 година, Гиј XIV од Лавал го обновил замокот. Биле изградени нови соби и сали, и биле отворени нови готски прозорци во внатрешниот двор на почетокот на 16. век.

Модерен период

Гиј XVII изградил галерија во ренесансен стил во продолжение на замокот околу 1542 година. Галеријата била преуредена во 1747 година. Гиј XVII бил член на судот на Франсоа I, еден од најдобрите кралеви во француската ренесанса. Династијатa од Лавал играла одредена улога во развојот на ренесансните уметности во регионот. Жан од Лавал-Шатобриан на пример изградил голема палата во ренесансен стил кај дворецот Шатобриан, сместен во Бретања. На негова страна, Гил XIX станал хугенот.

Во текот на 17. век, Лавал станал многу успешен и противреформацијата довела до основање на многу религиозни институции. Биле отворени големи манастири, вклучувајќи ги манастирите на Урсулинките, Бенедиктинците и Капуцинерите. Сите овие манастири подоцна биле продадени и уништени во текот на француската револуција. Во 18. век, градот, кој го чувал својот средновековен изглед, започнал да се проширува. Изникнале нови предградија, и локалната аристократија изградила многу елегантни куќи, особено околу плоштадот Ерси, кој станал најмодерна област во Лавал.

Во средината на 18, век, Лавал имал околу 18,000 жители и 3,525 домаќинства. Градот бил втор најнаселен во Мен, по Ламанш. Тука се наоѓале неколку институции, како президиал, канцеларија на ferme générale, локално судство, болница, жандермерија и градска сала. Лавал исто така бил на чело на фискалниот регион кој опфаќал 65 парохии во јужен Мен. Бидејќи се наоѓал блиску до границата со Бретања, градот имал големо складиште со сол, кое го контролирало собирањето на данокот на сол. Бидејќи Бретања била голем производител на сол, Лавал бил ослободен од плаќање на данок на сол, но луѓето кои живееле во Мен, или во други покраини, при купувањето на сол, задолжително морале да платат данок на сол. Складиштето за сол претставувало исто така даночна канцеларија која требала да се справи со шверцерите на сол. Во фискалниот регион секоја година се одржувале 26 саеми, а три пазари се одржувале секоја недела. Во тоа време Лавал бил составен од три парохии.

Текстилната индустрија во Лавал го достигнала својот зенит веднаш пред француската револуција. Градот имал право да произведува осум видови лен, вклучувајќи ги royales и demi-Hollande, кои биле едни од најдобрите во Франција. Соседните градови Мајен и Шато Гонтје исто така имале право да произведуваат лен, но само три или четири видови. Ленот од Лавал бил главно продаван во Франција, но исто така и надвор. Едноставниот non-battues бил изработуван само за шпанскиот пазар, некои од најдобрите ленови биле продавани во Португалија и најдобрите облеки биле извезувани во француските колонии во Америка. Видовите royales и demi-Hollande биле обично продавани во Троа, Санлис и Бове, три градови кои се наоѓаат околу Париз, кои биле познати по своите пазари. Лавал исто така прозиведувал посебен вид на лен, pontivy, за француската војска.

Во 18. век, стариот среновековен центар сè уште бил опкружен од градските ѕидини, и тесните дворови и улици не дозволувале поголеми урбани измени. Сепак, властите планирале да изградат голема собраќајница заобиколувајќи го центарот од северна страна. Тоа вклучувало изградба на нов мост на реката Мајен, бидејќи во тоа време во Лавал имало само еден, кој бил мал и многу стар. Проектот бил потврден во 1758 година, но изградбата не започнала сè до 1804 година. Идејата за нова оска била важна не само за градот, туку исто така и за целиот регион, бидејќи Лавал се наоѓал на патот помеѓу Париз и Бретања. Секој патник движејќи се по патот морал да ја помине реката Мајен на стариот мост, и да го помине тесниот изѕидан град.

Војната во Вандеја, во која биле спротивставени француските револуционери и ројалисти католици во текот на последната деценија од 18.век, започнала во департманот Вандеја, кој се наоѓа јужно од реката Лоара, но брзо се проширила во Бретања, Анжу и Мен, кои биле католички упоришта. Лавал, кој бил под контрола на револуционерите од 1789 година, бил освоен од ројалистите на 22 октомври 1793 година. Градот бил на нивното патување до Ламанш, каде тие чекале засилување. Сепак, експедицијата до Нормандија била целосен неуспех, и тие таму биле поразени од републиканската армија. Ројалистите се вратиле во Лавал на 25 декември 1793 година, но загубиле опсада во Анже и биле дефинитивно поразени во 1794 година.

Современ период

По француската револуција, локалните власти одлучиле да го остварат планот планиран во 18. век. Новиот мост бил завршен во 1824 година и новата оска од исток кон запад, заобиколувајќи го стариот центар од север, била изградена во периодот помеѓу 1820 и 1830 години. Нов центар на градот се појавил на оската, и нов плоштад бил изграден блиску до мостот. Неколку официјални објекти биле изградени околу, вклучувајќи ги новото градско собрание, префектурата и театар. Околу новиот мост, реката Мајен формирала прав воден пат, и нови кејови биле изграден помеѓу 1844 и 1863 година. По 1850 година, биле преземени градежни активности во средновековниот центар: биле изградени нови улици и плоштадот пред замокот бил проширен. Во 1855 година, Лавал се стекнал со бискупија и железничка станица. Истата година, возови кои се обраќале од Париз имале терминал во Лавал, но линијата била дополнително проширена кон Бретања во 1856 година.

Лавал доживеал значаен демографски раст нив 19. век. Во градот живееле 15,000 лица околу 1800 година, и тој број пораснал на 21,293 во 1861 година. Две години подоцна, двете соседни општини of Авењер и Грено биле додадени кон градот, заедно со делови од Шанже. Како последица на ова соединување, Лавал броел 27,000 жители до 1863 година. Во 1866 година, бројот се зголемил на 30,627 жители, но потоа следел благ пад кој траел до втората светска војна. Овој пад бил поради следниве социо-економски и геополитички фактори: падот на текстилната индустрија: На почетокот на 19. век, цените на ленот паднале, и регионот престанал да прозиведува лен. Наместо тоа, фабриките во Лавал увезле памук, но трошоците при процесот биле многу високи за дејноста да биде профитабилна. инвазиите на Германија и појавените трошоци предизвикани од овие напади, во поглед на надомест на штетата и човечката мизерија.Roberts, J: "History of the World.". Penguin, 1994.

На почетокот на 20. век, Лавал имал неколку институции, како суд на правда, стопанска комора, одбор на трговски арбитри, сјемениште и средно училиште за момчиња. Опаѓачката текстилна индустрија сè уште вработувала 10,000 лица во Лавал и предградијата. Други дејности во градот биле создавање на метал, мелење брашно, штавење, бојосување, изработка на чизми и чевли, и сечење мермер.Encyclopædia Britannica, 1911

Во текот на втората светска војна, Лавал бил окупиран од Нацистичка Германија. Градот неколкупати бил бомбардиран од сојузниците во јуни и јули 1944 година. Жеезничката станица и околината, како и вијадуктот и неколку улици во центарот биле доста оштетени. Трупите на Генерал Патон пристигнале во Лавал на 6 август 1944 година. Германските окупатори не се предале веднаш, и тие ги уништиле мостовите пред да го напуштат градот.