Сежана () — град во регионот Приморска во Словенија, близу границата со Италија. Тој е седиште на Општина Сежана. Градот се наоѓа на висорамнината Карс, и е оддалечен 17 километри од Трст, Италија, и 80 километри од Љубљана, главниот град на Словенија.
Име Градот бил потврден во пишаните извори како in Cesan во 1152 година (и како Ses(s)ana во 1293 и Sexana во 1442 г.). Потеклото на името е нејасно. Раните транскрипции не поддржуваат врска со Света Сузана или со фрулијанскиот топоним Susáns. Наставката -ана укажува на романско потекло, со можност називот да е изведен од латинското лично име Сесиус. Друга можност е називот да е изведен од имотното име *Sextiānum, а исто така можно е да е од ломбардско потекло.Snoj, Marko. 2009. Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan and Založba ZRC, p. 375. Во 19. век имињата Сесана и Сехсана биле во официјална употреба.Handbook of Austria and Lombardy-Venetia Cancellations on the Postage Stamp Issues 1850-1864, by Edwin MUELLER, 1961.
Историја До 1918 година, градот бил дел од Австриската монархија, на чело на истоимената област, еден од единаесетте Bezirkshauptmannschaften во покраината Австриско приморје.Die postalischen Abstempelungen auf den österreichischen Postwertzeichen-Ausgaben 1867, 1883 und 1890, Wilhelm KLEIN, 1967
Сежана останало мало и незначително село сè до средината на 19. век, кога австриската јужна железница, која ги поврзува Виена и Трст, била изградена во близина. Со тоа Сежана бил поврзан на голема сообраќајница и наскоро станал најважен центар на висорамнината Карс, заедно со Опичина. По 1918 година, градот бил припоен кон Кралството Италија и вклучен во покраината Трст.
Во текот на фашистичкиот период, населението било подложено на насилна политика на италијанизација, и голем дел од месното население се приклучило на милитантната анти-фашистичка организација ТИГР. Во текот на втората светска војна, посебно по 1943 година, областа станала бојно поле помеѓу партизанскиот отпор и фашистите и силите на Нацистичка Германија. Во мај 1945 година, Сежана бил ослободен од југословенските партизани. Помеѓу јуни 1945 и септември 1947 година, градот бил администриран од британска и американска војска. Во 1947 година, Сежана станал дел од Социјалистичка Федеративна Република Југославија и во 1991 година од независна Словенија.
Стопанство Многу индустриски претпријатија се наоѓаат во Сежана, вклучувајќи големи компании како и многу мали претпријатија. Сежана исто така е центар за туризам. Со местоположбата помеѓу Љубљана, Трст, и јадранскиот брег и многутте значајни туристички знаменитости во близина, како ергелето во Липица, Постојнска Јама, Шкоцкански Јами, пештерата Виленица и утврденото село Штањел, Сежана е привлечно туристичко одредиште. Градот исто така е значаен земјоделски центар.
Збратимени градови Монбризон, Франција Раб, Хрватска Гевгелија, Македонија Сант'Амброгио ди Валполицелла, Италија Сант'Амброгио сул Гариљано, Италија Пардубице, Чешка Горњи Милановац, Србија
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Сежана на Геопедија Sežana , Официјално мрежно место на општината Град Сежана , информации за градот
Категорија:Градови во Словенија Категорија:Општина Сежана