837 Шварцшилда —астероид со привремена ознака 1916 AG, со мало занесување, добро набљудуван астероид од Главниот астероиден појас, со орбита околу Сонцето со период од 3,48 години на растојание од 2,21–2,39 ае. Откриен е од страна на Макс Волф во Хајделбершката опсерваторија на 23 септември 1916 година.

Овој астероид е именуван според познатиот германски астроном и физичар Карл Шварцшилд (1873–1916), кој починал во истата година. Тој бил диектор на опсерваториите во Гетинген и Потсдам, познат по својата работа во фотометријата, геометриската оптика, ѕвездената статистика и теориската астрофизика, и ајпознат по изнаоѓањето на првите точни решенија на Ајнштајновите равенки за полето. Во тој период било обичај да се даваат женски имиња на новооткриените астероиди.

Поврзано Значењата на имињата на астероидите: 501–1000 Шварцшилдов полупречник

Наводи

Надворешни врски Dictionary of Minor Planet Names, Google books Discovery Circumstances: Numbered Minor Planets

Категорија:Главен астероиден појас Категорија:Откритија на Макс Волф Категорија:Астероиди наречени по личности Категорија:Астрономски тела откриени во 1916 година Категорија:Неправилни месечини