Александар Серафимов (, – , ) ― македонски бранител, специјалец во ЕСЗ Тигар и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 27 октомври 2001 година во скопските клиники како последица на голем број шрапнели здобиени во Матејче во јуни 2001.

Животопис Живот, војната 2001 и сведоштва thumb|десно|306п|Споменик на Александар Серафимов во Свети Николе.

Александар Серафимов е роден на 24 март 1981 година во Свети Николе. По завршувањето на Средното полициско училиште, една година работел како обичен полицаец. Потоа, од 9 јуни 2000 година, тој преминал во 4-вод на елитната полициска единица „ЕСЗ Тигар“, каде што командир на четвртиот вод бил Стојанче Ангелов. Иако на почетокот на војната, тој постојано бил на фронтот од Тетово до Куманово, дома никогаш не кажувал каде е и како му е. Само еднаш на својата мајка и признал дека со своите колеги е во кумановското село Лопате. Кога ќе го добиеле на телефон, најчесто им кажувал дека е во касарната „Илинден“ во Скопје.

На 3 јуни 2001та, во 14:25 часот, мајката на Александар разговарал со него. Рекол дека е добар и дека моментално е на ручек. Веднаш по ручекот, заминале на терен. Во 20:50 часот биле веќе во Матејче. Кога излегувале од хермелинот, само што седнале да каснат нешто од она што го носеле, пред нив експлодирала мина. Според еден негов колега, мината паднало токму пред Аце. По ранувањето веднаш е префрлен во кумановската болница, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје. Александар беше повреден во главата, надлактицата и дланката. Мал шрапнел, колку зрно од афион, го погодил до окото, крај носот, и влегол во мозокот. Кога ранет бил неговиот командир Стојанче Ангелов во Битката за Арачиново, пренесен е во истата шок соба каде што лежел Александар и Оливер Китановски. Ангелов за него вели:

На 4 јуни успешно е опериран на мозокот. Кон крајот на јули Александар се освести, беше исклучен од апаратите и почна да контактира со родителите. Лекарите кога видоа дека е подобар се ослободија, а почнаа и летните одмори. Кон средината на август, Александар почна да се жали дека го болат градите. На 14 август му го отворија градниот кош, направија операција за чистење на белите дробови. По операцијата брзо се освести, се освежи, но петтиотден по неа повторно му се влоши состојбата. Тогаш беше констатирано дека му е затруена крвта. Тромбоцитите речиси сосема ги изгуби. Лекарите велеа дека тоа е од повредата на мозокот, но според блиски другари лекари на фамилијата Серафимов, кажаа дека крвта всушност му е затруена при операцијата на градниот кош.

Со некакви лекарства малку му се покачиле тромбоцитите, но подоцна се појавиле проблеми со жолчката. Родителите не се согласувале со нова итна операција, бидејќи Александар бил истоштен, а опојките многу лошто му делувале на мозокот и на целиот организам. Но, операцијата ја направиле. Една недела подоцна, Александар Серафимов на 27 октомври 2001 година, починал. Тој се родил и умрел во исто време, во 12:25 часот.„Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 198 – 200. Александар Серафимов посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија. Наводи

Категорија:Македонски бранители Категорија:Луѓе од Свети Николе