Бела Кираљ ( – ) — унгарски воен офицер пред, за време и по Втората светска војна. По војната бил осуден на доживотен затвор по наредба на советскиот режим, но подоцна бил ослободен. По неговото ослободување, ја командувал Националната гарда при Унгарската револуција во 1956 година. За подоцна да пребегне во САД, каде станал академски историчар. Се вратил во Унгарија по распадот на Советскиот Сојуз и бил избран за член на Унгарскиот парламент.

Младост Роден е во Капошвар, Унгарија, како син на одржувач на станици. Во младоста одгледувал гулаби, што му останало животна страст. Неговите желби да стане ветеринарен хирург пропаднале бидејќи семејството не можело да го плати образованието. Поради далтонизам не можел да се вработи во железницата. Во 1930 година, воената служба станала задолжителна - две години за кандидати и една година за доброволци. Се придружил на војската, нашол интерес, завршил на Воената академија „Лудовика“ меѓу првите 5% во неговиот клас, и бил прогласен за втор поручник на 20 август 1935 година. Како ученик во Генералштапската академија бил унапреден во чин капетан во декември 1942 година.

Втора светска војна и повоеното затворање

Унгарија се придружила на Силите на Оската и му објавила војна на Советскиот Сојуз во 1941 година. Кираљ бил учесник на Источниот фронт и бил двапати ранет. Во 1943 година бил задолжен да го чува еврејската работничка бригада по долината на реката Дон со војска од 400 војници. Спротивно на наредбите, тој им дал топла облека, храна и медицинска нега. Во 1993 година, Јад Вашем го именувал за “Праведник меѓу народите”, оддавајќи му почит за хуманиот третман на еврејските заробеници.

Во март 1945 година Кираљ бил задолжен за одбраната на Кесег. По предавањето на градот на Советската армија, бил уапсен и испратен во Сибир како воен заробеник. Се вратил во својот дом по потпишувањето на Парискиот мировен договор, и се приклучил на Унгарската комунистичка партија и новосоздадената Унгарска народна армија.

Комунистичките власти го предупредиле во 1947 година да не ја земе за сопруга вдовицата внука на крајниот десничар и поранешен премиер Ѓула Гембеш, кој бил познат антисемитист. Очекувал да биде разрешен од должностите кога бил повикан од генералот Ѓерѓ Палфи, но бил назначен да го командува одделот за обуки. Бил прогласен за генерал во 1950 година, а подоцна и за мајор генерал. Во 1950 година, бил назначен за командант на пешадијата. Се очекувало од него да ја командува унгарската војска која би била дел од планираниот напад на Советскиот Сојуз на Југославија по расколот на Сталин и Тито. Сталин ја прекинал операцијата, обесхрабрен од успехот на американската армија во Корејската војна. Според Кираљ ситуацијата во Кореја „го свела Сталиновиот план во калта“.

Во 1951 година, режимот на Маќаш Ракоши го уапсил со обвинение за субверзија, противдржавно делување и шпионажа. Бил осуден на 15 јануари 1952 година на смрт со бесење. Неговата сопруга била уапсена од ÁVH и држена во притвор од август 1951 година до август 1953 година. Се развела од него во 1955 година. Подоцна дознал дека неговата казна била преиначена во доживотен затвор и тешка работа. Во септември 1956 година владата раководена од Имре Наѓ го помилувала заедно со другите затвореници, мерка со која требале да се смират народните немири.

Улогата во Унгарската револуција во 1956 година Унгарската револуција од 1956 година започнала кусо по неговото ослободување од затвор. Тој бил болен и закрепнувал од операција, но избегал од болницата за да им се придружи на унгарските револуционери и го прифатил назначувањето за главен командант на воената гарда и воен командант на војската во Будимпешта против Советите.

Насилството започнало во Будимпешта на 23 октомври 1956 година. Советската војска, неподготвена за силата на револуционерите, договорила примирје на 28 октомври, и започнала да се повлекува од градот. Насилството се намалило, но, како што комунистите поддржувачи на Наѓ и други националисти осмислиле чистки на просоветските партиски членови во градот, Кираљ претчувствувл дека ќе дојде до ситнење на револуционерните сили, сакал да ги обедини сите антисоветски сили во една национална гарда. На 30 октомври 1956 година, револуционерите предводени од Кираљ го нападнале Централниот комитет на Комунистичката партија. Револуционерите затвориле дузина осомничени просоветски комунисти погубувајќи поголем број од нив на самото место. Слични чистки се одвивале низ целиот град.

И покрај постојаното насилство насочено против просоветските комунисти, советскиот дописник Анастас Микојан советувал да нема советска инвазија, сакајќи унгарските комунисти самите да го задушат востанието на контрареволуционерите. Ова недејствување довело до тоа многу просоветски комунисти да ги преиспитаат своите должности и лојалност. Како што Никита Хрушчов изгубил доверба во способноста на унгарските комунисти да го сузбијат востанието и ѝ наредил на Советската армија да ја нападне Будимпешта на 4 ноември 1956 година.

Кираљ согледал дека неговите сили, лојални на Наѓ, немаат никаква надеж за победа над Советската армија. Сепак, го презирал рускиот амбасадор Јуриј Андропов поради криењето на претстојната инвазија која Никита Хрушчов ја наредил три дена пред настанот.

По успешното сузбивање на револуцијата, Кираљ избегал во САД преку Австрија за да избегне да биде заробен. Но сепак тој бил осуден на смрт во отсуство од Советскиот Сојуз (судбина која другите револуционери како Имре Наѓ не ја избегнале).

Престојот во САД Кираљ бил почитуван во САД бидејќи тие биле поддржувачи на владата раководена од Наѓ на кој лојален ѝ бил и самиот Кираљ. Кога пристигнал добро го владеел англискиот јазик, кој го изучувал додека бил затворен. Се запишал на Универзитетот „Колумбија“ каде дипломирал историја. Од 1964 година тој предавал воена историја на Бруклинскиот колеџ, и станал раководител на одделот за историја. Се пензионирал како почесен професор во 1982 година. За времето додека работел тој бил директор на Друштвото за програма за Источна и Средна Европа, ја надгледувал издавачката куќа на Бруклинскиот колеџ, и бил советник на Бруклинскиот клуб за воена историја. Наградата која се доделува на студенти за извонредни достигнувања во современата историја го носи неговото име.

Враќање во Унгарија По распадот на Советскиот Сојуз, тој бил поканет да биде гостин на погребот на Имре Наѓ во јуни 1989 година. Се преселил во Унгарија подоцна истата година, и бил избран да биде член на Унгарското собрание. Мандатот му бил од 1990–1994 и бил независен пратеник, подоцна станал владин советник. Во 2004 година, тој станал соработник на Унгарската академија на науките.

Кираљ починал спиејќи во Будимпешта на 4 јули 2009 година на возраст од 97 години.

Избрани дела

distributed by Columbia University Press

distributed by Columbia University Press distributed by Columbia University Press

Distributed by Columbia University Press Distributed by Columbia University Press

Наводи

Дополнителна литература

or Jewish law - saving of Jewish lives

Надворешни врски Personal papers of Béla Király at OSA Archivum Article by the American Hungarian Federation

Article from Freedom Fighter 56 obituary

Категорија:Луѓе од Капошвар Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Колумбија“ Категорија:Унгарски генерали Категорија:Унгарски политичари Категорија:Луѓе учесници во Унгарската револуција 1956 Категорија:Унгарски револуционери Категорија:Унгарски комунисти Категорија:Членови на Унгарската академија на науките