Џек и Сара – британски филм, во режија на Тим Саливен. Главните улоги ги толкуваат Џуди Денч и Ричард Грант.„Џек и Сара“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 16.
Содржина Адвокатот Џек работи под голем притисок, но верува дека животот му е потполно среден, зашто има успешна кариера и убава жена, а очекува и дете. Меѓутоа, жена му умира за време на породувањето, така што Џек мора да ја одгледува ќеркичката Сара, која го добива името во чест на мајката. Иако во голем шок, Џек е принуден да се бори со тагата за доброто на бебето. На почетокот, тој ја одбива, но потоа ја прифаќа помошта од еден старец, кој се однесува како негов батлер, како и помошта од младата Ејми, која станува дадилка на бебето.
Наводи
Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови со Џуди Денч Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови од 1995 година