Мупироцинот е антибиотик. Се користи локално (топично), и е ефикасен против Грам-позитивни бактерии, вклучувајќи и метицилин-резистентен стафилококус ауреус (МРСА).

Мупироцинот не делува против грам-негативни бактерии, ентерококи, повеќето анаеробни бактерии, микобактерии, микоплазми, хламидија, квасци и габи.

Првпат бил изолиран од бактеријата Pseudomonas fluorescens.

Механизам на дејство Мупироцин се врзува селективно за бактерисикиот ензим изолеуцил-тРНА-синтетаза и со тоа спречува вградување на аминокиселината изолеуцин во бактериските белковини. Овој механизам на дејство се разликува од оној на другите антибиотици и затоа не доаѓа до вкрстена резистенција.

Индикација -Бактериски инфекции на кожата и рани, како на пример фоликулитис, фурункулоза или инфицирани декубитус-рани.

-Истребување на S. aureus од пределот на носот.

Категорија:Антибиотици Категорија:Масни киселини Категорија:Карбоксилатни естри Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација Категорија:Епоксиди