Ланестер (, ) – општина во департманот Морбијан, на југозапад од регионот Бретања во Франција.

Жителите на Ланестер се нарекуваат ланестерци.

Географија Ланестер се наоѓа на вливот на реките Скорф и Блаве. Покрај тоа низ него минува и реката Плесис. Негови соседни општини се: Лорјан, Кодан, Енебон, Кервињак и Локмикелик.

Топонимија Бретонското име на општината е Lannarstêr што доаѓа од Lann-еr-stеr што значи „пустош на реката“.

Историја Општината Ланестер била создадена во 1909 година со отцепување од општината Кодан. Работниците кои работеле во Лорјан, често со селско потекло, во голем број се населиле со нивните семејства. Иако градот сè уште има работничка традиција, развил исто така битни трговски простори. Еден дел од територијата е рурален иако земјоделската активност замира. Исто како и Лорјан, Ланестер беше многу погоден од Втората светска војна.

Население

Бретонски јазик Во 2007 година општината донела план за промоција на бретонскиот јазик. Во 2008 година 5,67% од децата во примарните училишта посетувале двојазична настава.

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место на градот

Категорија:Општини во Морбијан Категорија:Градови во Бретања Категорија:Градови во Франција Категорија:Франција