Враќањето на зборовите — роман на македонскиот писател Гоце Смилевски. За првпат романот бил објавен во 2015 година од издавачката куќа „Дијалог“.

Содржина Основата на романот ја сочинува приказната за Абелар и Елоиза, познатиот љубовен пар од 12 век, како и за нивниот син Астралаб. Притоа, романот започнува со тоа што во кратки црти е раскажана целата негова содржина. Потоа, авторот ја прикажува својата приказна за овој љубовен пар. На крајот, во автопоговорот на романот, самиот Смилевски раскажува зошто решил дејството да го фокусира врз Елоиза и Астралаб.Роберт Алаѓозовски, „За отсутното“, Економија и бизнис, година 18, број 221, ноември 2016, стр. 99-101.

За романот И овој роман е напишан во препознатливиот стил на Смилевски - историската фикција, т.е. тој создал „археолошки“ роман во кој тој го истражува обработениот материјал, консултира извори и дава свое толкување на историскиот предмет. Притоа, Смилевски ја користи историската фикција како „јазична мастика“ и во романот ги наведува современите дебати и прашањата што нему му се важни. Според идеите, романот е антипатријархален, антиклерикален, профеминистички, антиавторитативен. Со овој роман и со применетите наративни техники, Смилевски ја задржал својата определба за историскиот роман и дал свој интелектуален печат на дилемите на современото општество.

Наводи

Категорија:Дела на Гоце Смилевски Категорија:Македонски романи Категорија:Изданија на Дијалог Категорија:Македонски дела од 2015 година Категорија:Книги од 2015 година Категорија:Појавено во 2015 година во Македонија