мини|Гејб Њуел Гејб Логан Њуел (англиски: Gabe Logan Newell), често наречен Гејбен (Gaben) — американски соосновач и извршен директор на компанијата за видеоигри и дигитална дистрибуција Валв (Valve).

Работа Откако го напуштил Универзитетот Харвард, Њуел поминал тринаесет години работејќи за Мајкрософт на развивање на Windows верзиите 1.01, 1.02, и 1.03,за на крајот да стане „Мајкроспфт Милионер". Њуел се опишал себеси како „производител на првите три изданија на Windows“. Инспириран од Мајкл Абраш, кој го напуштил Мајкрософт за да работи за играта Квејк (Quake), Њуел и Мајкл Харингтон го напуштиле Мајкрософт и го основале Валв во 1996 година.

Во март 2013 година, Њуел ја примил наградата БАФТА (BAFTA Fellowship) за неговите извонредни и исклучително креативни придонеси за видео игри. мини|центар|400п|Гејб Њуел во 2010 година ја презентира видео играта Портал

Личен живот

Гејб Логан Њуел е роден на 3 ноември 1962 година во Сиетл, Вашингтон. Њуел израснал во Дејвис, Калифорнија и дипломирал во Средното училиште Дејвис во 1980 година. Тој студирал на Универзитетот Харвард, од 1980 до 1983 година, но на крајот го напуштил. Тој се оженил со Лиза Менет Њуел во 1996 година.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на Валв Официјално мрежно место на Стим

Категорија:Родени во 1962 година Категорија:Американски програмери Категорија:Добитници на БАФТА награди Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Живи луѓе