Неон (од грчки νέος, „нов“) — хемискиот елемент во периодниот систем со симболот Ne и атомскиот број 10. Како безбоен, речиси инертен благороден гас, неонот дава посебна црвеникава светлина кога се користи во вакуумските разелектризирани цевки и неонските лампи. Тој се наоѓа во траги во воздухот. Неонот е најсветлиот благороден гас.
Примена мини|лево|180п|Неонот се користи во знаковите и произведува фина портокалова светлина. Сите други бои се произведуваат со користење на пареи од жива кои го ексцитираат фосфорот по пат на флуоресценција. Црвенкасто-портокаловата боја која неонот ја емитува кај неонските лампи се користи за правење на неонски знаци. Зборот "неон" исто така се користи и како генеричко име за овие типови на светла, иако се користат многу други гасови за да се произведат различни бои на светлината. Други примени:
вакуумски цевки високонапонски индикатори телевизиски цевки неонот и хелиумот се користат за производство на еден вид гасен ласер во ладилниците.
Историја
Неонот бил откриен од шкотскиот хемичар Вилијам Ремзи и англискиот хемичар Морис Траверс во 1898 година.
Наоѓање
Неонот е едноатомен гас при стандардни услови. Неонот е редок, а се наоѓа во Земјината атмосфера како еден дел на секои 65,000 и индустриски се добива со криогена фракциона дестилација на втечнет воздух.
Соединенија
Јоните Ne+, (NeAr)+, (NeH)+ и (HeNe+) се откриени при оптички и масено спектрометриски истражувања. Неонот образува и нестабилни хидрати.
Поврзано Благородни гасови
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Благородни гасови Категорија:Хемиски елементи Категорија:Индустриски гасови Категорија:Ладила