Хитрино () — село во североисточниот дел на Бугарија во Шуменската Област. Тоа е административен центар на истоимената општина Хитрино.

Географија Хитрино се наоѓа во североисточниот дел на Лудогорието. Тоа е еднакво оддалечено од Црното Море и Дунав и е на 20 километри од областниот град Шумен. Селото се наоѓа на главниот пат помеѓу Силистра и Шумен. Преку Хитрино оди главната пруга Варна - Русе.

Железничка несреќа во 2016 Во 5:40 часот месно време на 10 декември 2016 година 7 лица загинале, а 29 биле повредени по експлозијата на цистерна од излетал од шините воз. Возот, кој превезувал пропан-бутан и пропен, експлодирал и се запалил. Пожарот зафатил најмалку педесет објекти , а 20 згради во Хитрино биле уништени.

Наводи

Надворешни врски Официјален портал на Општина Хитрино

Категорија:Села во Бугарија Категорија:Населени места во областа Шумен