Кранска Река (позната и под имињата: Арватска Река или Шара) — река во Македонија, сместена на западните падини на планината Баба, југоисточно од градот Ресен.

Поминува низ двете села Арвати и Крани, од каде и го добила своето име. Реката ги дели селата на два дела. На крајот се влева во Преспанското Езеро.

Зафаќа сливно подрачје од 12,8 км2.

Воден потенцијал

Уште во 1950 година на Шара (Кранска Река) била изградена хидроцентрала над селото Арвати, со што селото се здобило со електрична енергија.

Денес, на Кранска Река постои мала хидроелектрана во сопственост на претпријатието „Мали хидроелектрани“ со годишно производство од 2.044 MWh.

Галерија

Поврзано Арвати Крани

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Арвати Категорија:Крани Категорија:Реки во Македонија