Движење Беса () — политичка партија на Албанците во Македонија, основана на 22 ноември 2014 во Скопје.БЕСА – нов политички субјект на Албаците во Македонија Нова ТВ (22 ноември 2014) Претседател на партијата е Биљал Касами. На парламентарните избори во 2016 година „Беса“ освоила пет пратеници, со што станала втора најголема албанска партија во Собранието.Победата на ДУИ во сенка на БЕСА и СДСМ Призма.мк (13 декември 2016) На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освојила 4 пратенички мандати. Во парламентарните избори во 2024, партијата била дел од албанската коалицијата ВРЕДИ и освојила 3 пратенички мандати.
Финансиски извештаи Според завршната сметка за 2016 година, партијата остварила приходи од 58.500 евра (од кои, приходите од членарини и донации изнесувале 57.000 евра), нејзините расходи изнесувале 70.000 евра, додека имотот на партијата вредел 12.500 евра.Влатко Стојановски, „ВМРО-ДПМНЕ трупа недвижности, а ДУИ собира сè помалку донации!“, Фокус, број 1124, 21 април 2017, стр. 18-22.
Учество на избори Година на избориВодачБрој на гласови% на гласовиБрој на мандати+/–Влада2016Биљал Касами57.8685.01 2020Коалиција со СДСМ35.89 12024107.08110.93 1
Поврзано Список на политички партии во Македонија Политика на Македонија
Надворешни врски Официјално мрежно место
Наводи
Категорија:Политички партии во Македонија Категорија:Појавено во 2014 година во Македонија