Океан ( )Ὠκεανός, Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, at Perseus project — син на богот на небото Уран и мајката на земјата Геја. Тој е најстариот титан.
Митологија Океан е бог на бесконечните и бескрајните длабоки водни површини што ја опкружуваат земјата.See Livio Catullo Stecchini, "Ancient Cosmology" (Internet Archive). Во бурните настани во „светот на митовите“, Океан се вмешал само еднаш, но доста успешно. Му помогнал на Зевс во победата против титанот Крон и да се проглси себе за врховен бог. За време на владеењето на Зевс, Океан мирно и спокојно, далеку од светот, живеел и немал обврски да присуствува во советот на боговите, а уживал почит од сите останати богови.
Со својата жена Тетија имал небројно потомство.
Некои митолози веруваат дека Океан владеел со сите морски води, вклучувајќи ги и Средоземното Море и Атлантскиот Океан, најголемите две водни површини кои ги познавале Хелените. Со текот на времето, со развивањето на географијата, Океан останал владетел на помал број на води во Атлантскиот Океан, а Посејдон, од помладата генерација на богови, владеел со Средоземјето.
Океан се разликувал од Понт, бог на морската длабочина и „внатрешноста на морето“ кои биле достапни за луѓето. Океан како бог на „површинското море“, за луѓето на кои не им било достапно морето, бил втор најпочитуван бог по Зевс.
Наводи
Категорија:Титани Категорија:Потомство на Геја Категорија:Ликови од старогрчката митологија Категорија:Ликови од Одисејата