Виктор Мугуби Вањама (роден на 25 јуни 1991 г.) — кениски професионален фудбалер кој игра во средниот ред за Тотнем Хотспар во Премиер лигата на Англија и е капитен на репрезентацијата на Кенија. На теренот, Вањама е познат по своjот спортски дух и водачки квалитети.
Вањама станал првиот Кениец во историјата кој постигнал гол во УЕФА Лигата на шампионите, постигнувајќи го првиот гол за Селтик во победата од 2–1 против Барселона на 7 ноември 2012 година. На 11 јули 2013 година, Вањама потпишал за англискиот премиерлигаш Саутхемптон за 12.5 милиони фунти станувајќи најскапиот играч продаден од шкотски клуб, надминувајќи го трансферот вреден 9.5 милиони фунти на Ајден Мекгиди во Спартак Москва во 2010 година.
Тој одиграл повеќе од 40 натпревари за Кенија од своето деби во мај 2007 година на 15-годишна возраст.
Ран живот Вањама се школувал во средното училиште Камукунџи, кое води успешен фудбалски клуб. По завршување на школувањето, тој играл три години во Академијата ЏМЏ, а во текот на тој период се приклучил на кениските клубови Најроби Сити Старс и Леопардс.Mugabe wants to cement position in Belgium club Standard Digital, 5 January 2010 Во 2007 година тој се приклучил на шведскиот клуб Хелсингборг, но откако неговиот брат Мекдоналд Марига кој исто така играл во клубот се преселил во италијанската Серија А во Парма во 2008 година, Вањама се вратил во Кенија.
Клупска кариера Биршот По успешната проба, Вањама потпишал за Биршот четиригодишен договор во летото во 2008 година. Својот прв натпревар во белгиската лига тој го одиграл кон крајот на сезоната 2008–09. Во септември 2009 година, тој добил парична казна од 100 евра и суспензија од три натпревари поради опасен старт над Матијас Суарез од Андерлехт.Wanyama suspendu trois matchs (Wanyama suspended three games) Footgoal, 29 September 2009
Во летото во 2010 година, шкотскиот премиерлигашки клуб Селтик се обидел да го купи Вањама но Биршот не дозволил тој да замине. Рускиот клуб ЦСКА Москва исто така се обиделе да го донесат Вањама во своите редови, но и нивните обиди пропаднале.Wanyama va rester au Germinal Beerschot (Wanyama stays with Germinal Beerschot) Footgoal, 16 April 2010
Вањама го постигнал својот прв гол за Биршот на 11 декември 2010 година, во лигашки натпревар против Вестерло. Во април 2011 година, тој добил уште едба суспензија од три натпревари откако видео снимките покажале дека тој со лакт го удрил Брехт Деџагер од Кортријк.Wanyama poursuivi (Wanyama continued) Footgoal, 18 April 2011
Селтик
На 9 јули 2011 година, Вањама конечно направил трансер вреден 900,000 фунти во Селтик од Биршот, откако шкотскиот клуб претходната година не успеал да го доведе во своите редови. Тој потпишал четиригодишен договор и станал првиот кениец кој заиграл во Премиер лигата на Шкотска. Вањама го одбрал бројот 67 во чест на Лисабонските лавови, победничкиот тим на Селтик во Купот на шампионите 1967 . На првиот лигашки натпревар на Вањама, Селтик загубил 1–0 од Сент Џонстоун на 21 август 2011 година. Вањама играл во одбраната наместо на неговата омилена позиција на средината на теренот.
На 29 септември 2011 година, тој бил во почетниот тим на Селтик во натпреварот против Удинезе во Лига Европа кој завршил со реми од 1–1. Тоа бил негов прв европски натпревар за клубот. На 10 декември 2011 година, Вањама го постигнал својот прв гол за Селтик во победата од 1–0 против Хартс на Селтик Парк. Неговите настапи во месец декември му го донеле признанието најдобар млад играч на месецот во шкотската премиер лига. Својот втор гол за Селтик тој го постигнал на 2 јануари 2012 година во победата од 3–0 над Данфермлајн. Вањама постигнал гол во победата од 2–1 против Данди Јунајтед на Селтик ПаркCeltic's Gary Hooper and Victor Wanyama strike to sink Dundee United guardian.co.uk, 14 January 2012 и во победата од 4–0 над Хартс.Hearts 0 Celtic 4: match report The Telegraph, 8 February 2012
Во октомври 2012 година, Вањама постигнал два гола против Сент Мирен, од кои вториот бил полуволеј од 23 метри.
На 25 октомври 2012, агентот на Вањама во соопштение изјавил дека Вањама одбил нов подобрен договор од Селтик бидејќи неговите барања за плата не можат да бидат исполнети од клубот во услови на гласини за заинтересираност на клубови од Англија. На 7 ноември, Вањама го постигнал првиот гол на натпреварот за Селтик во големата победа од 2–1 над Барселона на Селтик Парк во групната фаза од Лигата на шампионите.
Саутхемптон
По многу шпекулации, на 11 јули 2013 година, Вањама потпишал за премиерлигашот Саутхемптон за сума од 12.5 милиони фунти, со што станал првиот кениец кој заиграл во Премиер лигата.
Своето деби за новиот клуб, Вањама го одиграл на 17 август 2013 година, во победата од 1–0 над Вест Бромвич Албион. Тој одиграл 24 натревари во првата сезона, но повредите го спречиле да придонесе повеќе за клубот.
Под водство на новиот менаџер Роналд Куман, Вањама се претставил во вистинско светло во сезоната 2014–15. Тој го постигнал првиот гол за клубот во победата од 1–0 над Свонзи Сити на 20 септември 2014 година, откако го заменил Џејмс Ворд-Проус во 69. минута. Следниот гол тој го постигнал во убдливата победа од 8–0 над Сандерленд на 19 октомври 2014 година. Третиот гол за Светците, Вањама го постигнал на спектакуларен начин од 36 метри во победата од 1–0 над Хал Сити. Неговите добри настапи му ја донеле наградата африкански играч на месецот за септември.
Тотенхем Хотспар На 23 јуни 2016 година, од премиерлигашот Тотенхем Хотспар објавиле дека постигнале договор со Саутхемптон за трансфер на Вањама, кој се обврзал на петгодишен договор вреден 11 милиони фунти. Вањама претходно работел со тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, кој го довел во Саутхемптон во јули 2013 година. Својот прв гол за Тотенхем, тој го постигнал на првиот натпревар пред домашна публика против Кристал Палас, во 82. минута од натпреварот кој завршил 1–0 за Тотенхем.
Репрезентативна кариера Вањама својот прв натпревар за репрезентацијата на Кенија го одиграл во мај 2007 година, на 15-годишна возраст против Нигерија. Тој станал капитен на репрезентацијата во 2013 година.
Репрезентативни голови Бр.ДатумНатпр.ПротивникГолРезултатНатпреварување126 март 2011112–12–1Квалификации за Африкански куп на нации 2012215 ноември 2011184–04–0Квалификации за СП 201437 јуни 2015341–02–0Пријателски натпревар429 мај 2016421–11–1Пријателски натпревар
Успеси Клупски Селтик Шкотска Премиер лига (2) : 2011–2012, 2012–2013 Шкотски куп (1) : 2013
Поединечни Најдобар млад играч на годината во Шкотската Премиер лига: 2012–13 Најдобар млад играч на месецот во Шкотската Премиер лига: декември 2011
Наводи
Надворешни врски
Профил на мрежното место на Тотенхем Виктор Вањама на ESPN Soccernet
Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Кениски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Биршот Категорија:Фудбалери на ФК Селтик Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Најроби