Чавоглаве () — село во Хрватска, во склоп на општината Ружиќ во Шибенско-книнската жупанија.
Според пописот од 2001, во Чавоглаве живеат 199 жители
Географија Чавоглаве се наоѓа на надморска височина од 420 метри, помеѓу планините Свилаја и Мосеќ, покрај изворот на реката Чикола.
На југот од селото поминува регионалниот пат D56, во пределот помеѓу Дрниш и Муќ, а од другата страна на патот се наоѓа селото Кљаке.
Историја За време на хрватската војна за независност селото се наоѓало на самото боиште, но никогаш не било окупирано. Голем број од населението учествувало во борбите против припадниците на Српска Краина, а селото станало познато по песната „Bojna Čavoglave“ („Војна за Чавоглаве“) од страна на пејачот и жител на селото Марко Перковиќ.
Секоја година на 5 август во селото се одржува еден од најпознатите хрватски фестивали „Прослава на денот на победата и благодарност на татковината кон жителите на Чавоглаве“ ().Sto tisuća ljudi s Thompsonom u Čavoglavama na pučkoj proslavi (FOTOGALERIJA)
Наводи
Категорија:Населени места во Хрватска