Комунистичка партија на Македонија — Титови сили (порано: Сојуз на Титови леви сили) — македонска вонпарламентарна лева политичка партија основана на 26 октомври 2005 година.Се чека нов Тито за да го поведе народот Утрински весник (27 октомври 2005) Партијата се раководи според идеологијата на Јосип Броз-Тито, а нејзин претседател бил Слободан Угриновски. На Парламентарните избори во 2006 и 2008, Титовите леви сили настапиле самостојно и освоиле околу 3.000 гласови, недоволни за влез во Собранието. На Локалните избори во 2009 Угриновски станал советник во Советот на Град Скопје, но бил лустриран како соработник на југословенските тајни служби за време на неговиот мандат. Парламентарните избори во 2011 година партијата влезе во коалиција со СДСМ.Лустрираниот советник на Град Скопје е водачот на Титови леви сили Журнал (3 мај 2011) Поради несогласување со одлуката на СДСМ за бојкот на Локалните избори во 2013, Сојузот на Титови леви сили ја напуштил коалицијата.И Титови леви сили го напушта Сојузот на иднината МКД.мк (25 февруари 2013) На Изборите во 2014 ја поддржале ГРОМ, новоформираната партија на Стевче Јакимовски. Партијата влегла во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за Парламентарните избори во 2016, но не освоила пратеничко место.Јакимовски, Бајрам, Угриновски во коалиција со Груевски Ако.мк (11 ноември 2016) Парламентарните избори во 2020 година во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и не освоји пратенички мандат.
Наводи
Надворешни врски Фејсбук страница
Категорија:Политички партии во Македонија Категорија:Појавено во 2005 година во Македонија