Божиќен колач е вид на овошен колач што се служи на Божиќ во многу земји.http://www.thefreedictionary.com/Christmas+cake Може да биде во било која форма и големина, со било кој состав или декорација. Во многу земји, божиќниот колач се украсува со куќичка, елка, ликот на Дедо Мраз, и други новогодишни детали. Во Македонија, за Божиќ традиционално се подготвува сув колач со суво овошје.
Видови на „божиќен колач“
Во Шкотска, божиќниот колач се подготвува со виски, суво грозје, кандирани цреши и друг вид на кандирано овошје, според рецепт кој потекнува од градот Данди. Во Јоркшир, божиќниот колач се јаде со сирење. Во Германија, традиционалниот божиќен колач е сувиот овошен колач Штолен. Во Италија се подготвува вид на леб од кисело тесто, што содржи суво грозје и друг вид на кандирано овошје. На Кипар, божиќниот колач се служи на Божиќ, и тоа е првото нешто што домаќинот го нуди на своите гости.
Во Америка, постои обичај да се подарува овошен колач за Божиќ, иако не го нарекуваат „божиќен колач“.
Во Јапонија, божиќниот колач се јаде на Бадник, односно вечерта пред Божиќ. Најчесто е подготвен со многу крем, украсен со јагоди и чоколадо.
На Филипини, божиќниот колач содржи коњак или рум.
Наводи
Категорија:Колачи Категорија:Божиќна кујна