Френк Вилијам Џорџ Лојд (2 февруари 1886 – 10 август 1960) — филмски режисер, сценарист и продуцент. Тој бил еден од основачите на Академијата за филмски уметности и науки, и бил нејзин претседател во периодот 1934-35.
Лојд е роден во Глазгов, Шкотска. Неговата мајка Џејн била шкотланѓанка а неговиот татко Едмунд бил велшанец. Тој е првиот шкот во историјата кој добил Оскар. Лојд бил награден со Оскар за најдобар режисер на второто доделување на наградите за неговата работа на немиот филм Божествената дама, а на истото доделување бил номиниран и уште двапати за филмовите Уморна река и Тежина. Тој повторно го добил Оскарот во 1933 година за филмот Кавалкада и добил уште една номинација за Оскар за најдобар режисер за веројатно неговиот најуспешен филм, Побуна на бродот Баунти.
На 8 февруари 1960 година, Лојд добил своја ѕвезда на Холивудската патека на славните за неговиот особен придонес кон филмската индустрија.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1886 година Категорија:Починати во 1960 година Категорија:Британски режисери Категорија:Добитници на Оскар за најдобар режисер Категорија:Луѓе од Глазгов