Проспер Мериме (), (, Според одредени извори е роден на 23 септември (Biographie de Prosper Mérimée) или на 27 септември). — , )Mérimée|Encyclopædia Britannica онлајн – француски писател, драматург, историчар, археолог и романописец од XIX век. Најпознат е по неговата новела „Кармен“ која станала основа за операта „Кармен“ од Жорж Бизе. Тој бил прв братучед на физичарот Огистен Френел (1788-1827)

Животопис 250px|мини|Проспер на петгодишна возраст, гравура според портрет насликан од неговата мајка Мериме потекнува од имотно граѓанско семејство кое негувало книжевно-филозофски, уметнички традиции, така што рамнодушно ги набљудувале политичките превирања во Франција (Француската револуција и Наполеоновото царство) и не учествувало ниту во политичките ни во верските судири. Татко му и мајка му биле сликари, а и самиот Проспер имал сликарска дарба. Мајка му на Проспер Мериме била толку антиклерикална, што нејзиниот син не бил ниту крстен. Во училиштето, Мериме бил просечен ученик и го учел само она што го интересирало: ги читал претходниците на романтизмот, цртал и сликар, но рано созреал и се развил во критички дух. На седумнаесетгодишна возраст се запишал на студиите по право, кои ги завршил во 1823 година, но не станал адвокат, како што посакувал татко му, туку се посветил на книжевноста и цели десет години немал друго занимање. Во тој период, Мериме ги посетувал книжевните салони, се дружел со многу познати писатели и сликари и во 1822 година се запознал со Стендал, кој штотуку ја напуштил Италија. Во почетокот, Стендал не бил многу наклонет кон Мериме, опишувајќи го како „кутрото момче во сив реденгот и толку грд со своето напрчено носе. Тоа момче имаше нешто...крајно непријатно. Неговите ситни и безизразни очи имаа секогаш ист изглед, пакосен“. Навистина, Мериме не бил ниту убав, ни добар ни елегантен, но сепак, благодарејќи на својот ум и талент, успеал да се спријатели со Стендал, кој го воведол во салонот на Етјен Делаклиз, каде Мериме набргу се наметнал со својата интелигенција. Мериме темелно зборувал неколку јазици, имал дарба за говорништво, а поради неговите антирелигиозни испади го нарекле вториот Волтер. Либерал според своето убедување, Мериме сè почесто ги посетувал либералните салони во кои се зацврстил неговиот углед, иако тој бил претежно набљудувач, наместо активен учесник. Подоцна, Мериме се изјаснил за широк либерализам - го напаѓал лицемерието и го нагласувал фарисејството на свештенството, но не покажувал наклонетост кон народот. Оттука, иако не бил ројалист, тој не бил ниту републиканец, туку цело време останал индивидуалист. Истовремено, Мериме водел развратен живот, со бројни љубовни авантури и често ги посетувал театрите, монденските ресторани и злогласните места. На пример, за време на карневалот во 1829 година се вратил дома дури по изгрејсонцето, а во едно писмо до некој англиски пријател напишал: „Сметам дека вреди да се живее“.Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, Kolomba. Beograd: Rad, 1963, стр. 136-138.

Како голем ерудит, познавач на историјата, архитектурата и археологијата, на возраст од 28 години Мериме станал шеф на одделение при Главниот секретаријат на министерството за поморство, со што започнала неговата кариера како државен службеник, така што до крајот на животот книжевноста му била само споредна професија. Набргу станал шеф на кабинетот во министерството за трговија, во 1834 година станал инспектор во Управата за историски споменици и народни старини. На оваа должност останал повеќе од 20 години и одиграл голема улога во зачувувањето на културно-историското и уметничкото наследство. Во својство на инспектор, Мериме патувал низ Франција и во Корзика, а од тие патувања произлегле голем број статии во разни списанија во кои тој известувал за најразновидни предмети. Покрај посетите на историските места, Мериме ги подучувал и ги надгледувал реставраторите, кои по негова иницијатива обновиле бројни француски историски споменици.Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, Kolomba. Beograd: Rad, 1963, стр. 139. Во 1844 година, Мериме станал член на Француската академија. Мериме се интересирал за рускиот јазик и руската книжевност, преведувал дела од руски писатели, а бил и пријател на Иван Тургенев. Покрај литературните, пишувал и научни работи од областите со кои се занимавал. Во 1854 година станал сенатор, а подоцна и секретар на сенатот (1860). мини|120px|Гробот на Мериме на гробиштата во Кан

Проблем со класифицирањето Мериме, романтичар според времето во кое живеел и по некои елементи на своето творештво, во исто време бил класичар и реалист.

Романтичар Со еден свој дел, Мериме е човек на своето време и околина. Своите најдобри книжевни дела ги створил во периодот од 1825 до 1845 година, што во целост се поклопува со периодот на процут на движењето на романтизмот во Франција. Кај Мериме, романтичен е неговиот интерес за другите народи, за непознати, егзотични земји, тамошните обичаи, и воопшто за фолклорот. Него го интересира сè што е необично, чудно и фантастично, вклучувајќи го и натприродното и страшното. Како добар познавач на историја, интересирајќи се за минатото тој го пренесува во книжевноста. Заедно со Стендал, а како романтичар, Мериме во луѓето бара силни чувства, груби и жестоки страсти, избувливост и енергија, бунтовнички дух и со уживање му се препушта на посматрањето на исклучителните личности. Интересно е само она што отскокнува од секојдневното мртвило на граѓанскиот живот.

Класичар Кога станува збор за начинот на кој му пристапува на предметот на уметничка обработка и неговото третирање, Мериме е продолжувач на класицистичките традиции во француската книжевност. Класицистичкиот манир на Мериме, пред сè, се гледа во сузбивање на распрснувањето, постојаната контрола на сопствените чувства и текови на мислите, грижливо одбирање на материјата и задржување само на она што е битно и неопходно. Неговиот израз е концизен, набиен со смисла, композицијата и нарацијата се јасни и логични. Како голем класичар, го задржува чувството на мерка и ред и има такт на воспитан човек кој владее со себеси. Со класицизмот го поврзува и тежнеењето во уметничките дела со совршен облик да ги изрази вечните човечки страсти. По своите особини Мериме е наследник на големите писатели на класицизмот од XVII век, како што се Пјер Корнеј, Молиер и Жан Расин.

Реалист Покрај долгот на романтичарското движење и на класичните писатели од XVII век, Мериме, заедно со Стендал, е зачетник на новите тенденции во книжевноста и претходник на француските реалисти. Со ретка смисла за стварност и нејзино сликање, Мериме прави сè да дојде до тоа. Тој е љубопитен набљудувач, слушател и читател. Како и реалистите и натуралистите, тој собира документација на чија основа подоцна ќе го твори книжевното дело. Притоа, го издвојува битното и карактеристичното и во кратки црти го доловува, оживувајќи и осветлувајќи ги на тој начин личностите и случувањата. Односот на Мериме кон стварноста е однос на незаинтересиран сведок, верен сликар, кој не измислува и не коментира. На тој начин тој ни мисловно, ни афективно не се врзува за стварноста прикажана во делото. Мериме раскажува што видел, а не што доживеал. Тој се наоѓа покрај случките, а не во нив. Со отфрлање на лесната и наивна филозофија, како и пишување дела со теза, појава популарна во тоа време, Мериме исто така покажува реалистички и антиромантичарски тежнеења. Како психолог не се впушта во несигурни истражувања на нејасни и далечни предели на човечката душа. На тој начин строго ја чува ненадминливоста на сликата на реалноста од мечтата и психолошките претпоставки и шпекулации. Мериме е често скептичен и ироничен, што преминува во песимизам. Сето тоа му помага да не падне во занес и мечтаење, но понекогаш е и знак на супериорното дистанцирање на писателот од сопственото дело.

Книжевно дело Театарот на Клара Газил Својот долг кон романтизмот, Мериме го платил во своето прво позначајно книжевно остварување. Задоволувајќи ја својата склоност кон мистифицирање, во 1825 година ја објавил збирката пиеси „Театарот на Клара Газил“ (Le théâtre de Clara Gazul). Своето дело на публиката ѝ го претставил како француски превод на наводната шпанска глумица. Истовремено, овие едночинки, Мериме ги читал пред присутните во салонот на Етјен Делаклиз, каде што го претставил Стендал. Книгата „Театарот на Клара Газил“ се стекнала со популарност во тесен круг на читатели: Шатобријан се изразил пофално за неа; тогашниот млад професор на Сорбона, Виктор Кузен, му упатил претерани пофалби, така што Мериме се прашувал дали да ги сфати сериозно; а Гете изјавил: „Еве, еден мал непрокопсаник кој се крие под генијот на една жена; но, тој секако е прекрасен и добар гениј кој ќе отиде многу далеку“.Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, Kolomba. Beograd: Rad, 1963, стр. 137. Мешајќи го трагичното и комичното и занемарувајќи го класичарското правило за три единства (место, време и дејство), Мериме две години пред Виктор Иго ги илустрирал идеите кои најголемиот француски романтичар ги изнесол во предговорот на „Кромвел“.

Во првото издание се издвојува историската „комедија во три дена“ „Шпанци во Данска“. Второто издание Мериме го дополнил со две пиеси. Најинтересна е духовитата антиклерикална комедија „Кочијата на светото миросување“ (Le Carosse du Saint-Sacrement), чие дејство се одвива во главниот град на Перу, Лима. Во третото издание од 1828 година, Мериме ја додал историската пиеса „Жакеријата“ (La Jacquerie). Единствено за пиесата „Жакеријата“ темата е земена од француската средновековна историја (селанската буна во Франција од 28 мај 1358 година). Во оваа романтична трагедија Мериме го прикажува ужасот на феудалното доба во кое за никого не е резервирана позитивна улога - ниту за благородниците, ниту за калуѓерите, ниту за селаните. Сите други пиеси се случуваат во Шпанија или во Латинска Америка, што на збирката ѝ дава егзотична нијанса. Ова, покрај страстите, драматичните ситуации кои проистекуваат од нив и историските евокации, го придодава ова дело на романтичарскиот театарски фонд.

Иако пиесите од „Театарот на Клара Газил“ набргу биле заборавени (на репертоарот се задржала само драмата „Кочијата на светата причест“), овие драми претставуваат важен дел во развојот на романтичарскито театар и првото практично остварување на Стендаловите театарски теории: драма во проза, без антички предмети и без класичното единство, т.е. театар за читање, а не за гледање. Всушност, токму ова дело го запечатило пријателството меѓу Мериме и Стендал, кој во своите „Спомени на еготизмот“ го нарекол „свој најдобар сегашен пријател“.

Гусли И понатаму творејќи во духот на романтичарското движење, во 1827 година Мериме ја објавува својата прочуена мистификација „Гусли, или избор на илирски песни собрани во Далмација, Босна, Хрватска и Херцеговина“ (La Guzla ou choix de poesies illyriques, recueillies dans la Dalmatie, la Bosnie, la Croatie et l'Herzegovine). Оваа егзотична книга се одликува со силна локална боја, така што таа не придонела многу за натамошното зголемување на неговата репутација. Сепак, Пушкин бил воодушевен од неа и превел неколку песни на руски јазик.

Хроника за владеењето на Карло IX