Бела Паланка е град и општина која се наоѓа во Пиротскиот Управен Округ во Јужна Србија. Спрема податоците од 2022 година населението во градот изнесувало 7.140 жители, додека во целата општина 9.947 жители. Во античко време градот бил познат како Ремезијана (Remesiana). Името Бела Паланка значи белото гратче.

Географија Бела Паланка е мал град во југоисточниот дел на земјата и е опкружен со села и планини. Градот е достапен до блискиот град Ниш со автобуси на Ниш Експрес кои работат од Ниш до Пирот, Бабушница, Димитровград, и Софија.

Населени места Населби во општината: Бабин Кал, Бежиште, Бела Паланка, Букуровац, Вета, Витановац, Врандол, Вргудинац, Глоговац, Горна Глама, Горна Коритница, Горни Рињ, Градиште, Дивљана, Долац (населба), Долац (село), Долна Глама, Долна Коритница, Долни Рињ, Дражево, Клење, Клисура, Козја, Космовац, Кременица, Крупац, Ланиште, Лесковик, Љубатовица, Мирановац, Мирановачка Кула, Моклиште, Мокра, Ново Село, Ореовац, Пајеж, Сињац, Тамњаница, Теловац, Топоница, Црвена Река, Црвени Брег, Црнче, Чифлик , Шљивовик, Шпај.

мини|центар|200п|Општина Бела Паланка во карта на Србија

Историја Градот првично бил заземан од страна на Дакијците и бил познат како Аиадава (Aiadava) или Аеадаба (Aeadaba). Тракијците ја населувале оваа област, сè до нивната асимилација од страна на Римјаните.

Во античкиот период, во областа на денешна Бела Паланка, постоел важниот град Ремезијана. Основана околу 280 година пр. Хр., Ремезијана најверојатно го добила своето име по келтското племе Реми (чие присуство на овие простори не е потврдено), или по тракиското лично име Ремезис или Ромезис. Во различни антички патни карти, Ремезијана се споменува под неколку имиња како патна станица (mansio). Скоро ништо не е познато за најраната историја на населбата. Во IV век епископ на Ремезијана бил Св. Никита Ремезијански кој го покрстил Тракијското племе Беси и најверојатно ја превел Библијата на нивниот јазик.

Од 1929 до 1941, Бела Паланка била дел од Моравската Бановина на Кралството Југославија.

Демографија Етнички групи во општината (2022 попис): Срби = 8.170 Роми = 1.474

Галерија

Познати личности Рајко Митиќ, југословенски и српски фудбалер и првата Ѕвездина ѕвезда

Поврзано Денови на баницата Пиротски Управен Округ Јужна Србија Библија Бесика

Наводи

Надворешни врски

Бела Паланка Bela Palanka - tourist portal

Категорија:Градови во Јужна Србија Категорија:Општини во Јужна Србија Категорија:Пиротски Управен Округ