мини|десно|Јордан Цеков, командир на чета на Кумановкиот народноослободителен партизански одред Скопско-кумановски народноослободителен партизански одред или само Кумановски народноослободителен партизански одред — партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.
Одредот е создаден на 26 јуни 1943 година во селото Пелинце. Формиран е од 11 члена на КПЈ и на СКМЈ во Куманово. Една група се вклучува во редовите на Вториот јужноморавски народноослободителен партизански одред, кај селото Братоселце. Другата група на 4 и 5 јуни 1943 година, врши напад на железничката линија северно од селото Букаревац. Подоцна, на 2 август 1943 година, од овие две групи е формиран Кумановскиот одред. Командир е Христијан Тодоровски, а политички комесар Бранко Павловиќ – Уча. Откако борбите се насочуваат кон Македонија, Павловиќ останува на територијата на Јужна Србија, а за политички комесар е назначен Доне Филиповски. До крајот на август, овој одред дејствува заедно со јужноморавскиот одред во реонот на Кумановско и Кривопаланечко. На 5 октомври 1943 година води битка со бугарската војска кај Карпинскиот манастир. На 10 октомври одредот е преименуван во Скопско-кумановски одред, и разделен е на две чети. Првата чета дејствува во реонот Куманово-Кратово-Крива Паланка, а втората во Скопска Црна Гора. Откако одредот достигнал бројност од 100 души, влегол во состав на Првиот кумановски народноослободителен партизански баталјонМакедонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 163.
Учесници Борис Поцков, командир Благое Стефков, политички комесар Трајко Стојковски Јордан Цеков, командир на чета Борис Милевски
Наводи
Категорија:Македонија во Втората светска војна Категорија:Одреди во НОВМ