„Црвено и црно“ () — историско-психолошки роман на францускиот писател Стендал, објавен во два тома, во ноември 1830 година. Романот го прикажува обидот на едно младо момче од провинцијата да се стекне со повисок социјален статус преку комбинација од напорна работа, талент, измама, и хипокризија.

Судејќи според оригиналниот наслов на делото, Црвено и Црно: Хроника на XIX век, освен психолошки портрет на главниот лик Жилиен Сорел, писателот прави анализа и социолошка сатира на француското општество за време на бурбонската реставрација (1814–30).Benét’s Reader’s Encyclopedia, Fourth Edition, (1996) p. 859. Насловот на романот се однесува на судирот помеѓу верските (црно) и секуларните (црвено) убедувања на протагонистот, што е предмет на дебата во книжевните кругови.Red and Black?

Содржина Книга прва 1-23 глава: Градоначалникот на малото место Вериер, де Ренал, го ангажира за домашен учител 19-годишното сиромашно момче Жилиен Сорел кое се истакнува со големото познавање на латинскиот јазик. Во Жилиен се вљубува слугинката Елиза, но тој ја одбива, а истовремено, во него се вљубува и сопругата на градоначалникот, госпоѓата де Ренал која има углед на сталожена и побожна жена. Жилиен ги мрази богатите, но се однесува лицемерно и ја заведува госпоѓата де Ренал со намера да го оствари својот план – да оствари успех во животот. Тој има за цел да стане свештеник, иако неговиот пријател Фуке го кани да му биде деловен партнер. Дури откако станува љубовник на госпоѓата де Ренал, Жилиен се заљубува во неа. Љубоморната Елиза му кажува на господинот Валеноа (поранешниот неуспешен додворувач на госпоѓата де Ренал) за двајцата љубовници, а тој му испраќа анонимно писмо на градоначалникот. Истовремено, госпоѓата де Ренал сама си пишува друго анонимно писмо и успева да го изигра својот сопруг. Жилиен стекнува углед во Вериер и добива понуда да биде домашен учител кај Валеноа, но истовремено во градот се шират озборувањата за неговата љубовна врска и тој заминува во Безансон.Stendal, Crveno i crno, Minerva, Subotica, 1976, стр. 7-191. 24-30 глава: Во Безансон, Жилиен успева да се запише во богословијата, каде е опкружен со завист, омраза и лицемерие од учениците, но за време на еден празник тој го остварува својот прв успех, истакнувајќи се во украсувањето на катедралата. Тогаш, тој ја здогледува госпоѓата де Ренал, која во меѓувреме станува многу побожна, а која се онесвестува од неочекуваната глетка. Благодарение на успехот во катедралата, Жилиен е унапреден, но наспроти големото знаење, на годишниот испит неправедно добива пониска оцена од завидливиот оценувач. Сепак, во тоа време, моќниот маркиз де ла Мол му испраќа пари на Жилиен, а управникот на богословијата, опатот Пирар, дава оставка и заминува во Париз под заштита на маркизот, кој го зема Жилиен за личен секретар. Непосредно пред заминувањето во Париз, Жилиен тајно ја посетува госпоѓата де Ренал (која не ја видел 14 месеци), а кога во нејзината соба влегува градоначалникот, Жилиен е принуден да избега низ прозорецот. .Stendal, Crveno i crno, Minerva, Subotica, 1976, стр. 192-267.

Книга втора 1-20 глава: Во Париз, Жилиен се истакнува во работата и набргу го запознава и високото општество, а маркизот де ла Мол се однесува покровителски кон него. По некое време, маркизот го испраќа Жилиен во Лондон, каде тој се зближува со рускиот принц Корасов, а по враќањето во Париз, за добро завршената работа Жилиен добива одликување. Матилда, ќерката на маркизот, го забележува необичниот и оригинален дух на Жилиен и покажува интерес за него. На почетокот, тој се однесува воздржано кон неа зашто се сомнева дека таа му се потсмева, но постепено двајцата се зближуваат и најпосле таа му испраќа љубовни писма. Еднаш, таа му закажува тајна средба во нејзината соба и така Жилиен станува нејзин љубовник. Меѓутоа, подоцна Матилда се кае и почнува да се однесува променливо кон него така што во нивните односи се менуваат периодите на љубов и омраза. Тогаш, Жилиен паѓа во очај и лудо се заљубува во Матилда.Stendal, Crveno i crno, Minerva, Subotica, 1976, стр. 271-433. 21-33 глава: Маркизот де ла Мол има голема доверба во Жилиен и еднаш го поведува со себе на таен состанок при што Жилиен го запишува разговорот, напамет го учи записникот и тајно заминува далеку од Париз, каде му го кажува на еден војвода. Оттаму, Жилиен заминува во Стразбур, каде го среќава принцот Карасов кому му ги исповеда своите љубовни проблеми. Карасов му дава корисни совети како повторно да ја освои Матилда, предавајќи му повеќе љубовни писма. По враќањето во Париз, следејќи ги советите на Карасов, Жилиен ѝ се додворува на вдовицата де Фервак која е блиска пријателка на семејството де ла Мол. Кога дознава за тоа, Матилда ја зафаќа болна љубомора и заборавајќи ја својата гордост, таа пак му ја признава својата голема љубов. Жилиен, пак, иако е лудо заљубен во неа, се однесува воздржано во согласност со инструкциите на Карасов. Најпосле, Магдалена открива дека е бремена и целосно му се предава на Жилиен.Stendal, Crveno i crno, Minerva, Subotica, 1976, стр. 434-512. 34-40 глава: По веста за бременоста на Матилда, маркизот де ла Мол најпрвин е бесен на Жилиен, но подоцна попушта и му доделува титула, му поклонува имот и го назначува за поручник во Стразбур. Во мигот на најголемата среќа на Жилиен, кој помислува дека конечно успеал во животот, маркизот добива писмо од госпоѓата де Ренал, која го обвинува Жилиен како лицемер и себичен измамник. Тогаш, маркизот се спротивставува на бракот на Матилда и Жилиен, кој веднаш заминува во Вериер, влегува во црквата и таму пука во госпоѓата де Ренал со намера да ја убие. Тој е веднаш уапсен, но во затворот дознава дека госпоѓата де Ренал е лесно ранета. Матилда пристигнува во Безансон со намера да го ослободи Жилиен, но тој е помирен со смртта и мисли само на среќните денови поминати со госпоѓата де Ренал. Таа, пак, сфаќа дека сѐ уште го сака Жилиен и им испраќа писма на поротниците со молба за негово ослободување.Stendal, Crveno i crno, Minerva, Subotica, 1976, стр. 513-555. 41-45 глава: Судењето на Жилиен предизвикува голем интерес кај жителите на Безансон. Тој ја признава вината, а поротата, предводена од Валеноа, го осудува на смртна казна. Наспроти молбите на Матилда, Жилиен одлучува да не поднесе жалба, решен да умре. Меѓутоа, во затворот го посетува госпоѓата де Ренал која, исто така, го моли да поднесе жалба на пресудата. Матилда е љубоморна на честите посети на госпоѓата де Ренал зашто сфаќа дека Жилиен е сѐ уште вљубен во неа. Тој ги одбива сите понуди за помош и најпосле е погубен на гилотина. Неговото тело го презема пријателот Фуке, а кај него доаѓа Матилда со намера да го види мртвото тело на саканиот. Притоа, таа ја бакнува отсечената глава на Жилиен по угледот на сличен пример од нејзината далечна семејна историја. Жилиен го закопуваат во неговата омилена пештера во близината на Вериер, а на закопот присуствуваат многу луѓе. Матилда ја украсува пештерата со италијански мрамор, опелото го служат дваесет свештеници, а таа лично ја закопува отсечената глава. Три дена подоцна умира госпоѓата де Ренал.Stendal, Crveno i crno, Minerva, Subotica, 1976, стр. 556-592.

Критички осврт кон делото Гете имал поволно мислење за романот „Црвено и црно“ кого го сметал за најдоброто дело на Стендал. Според Гете, иако неколку женски ликови во романот делуваат премногу романтично, сепак Стендал е автор „кој умее да набљудува и има длабок психолошки поглед“ така што „лесно може да му се простат неколку неверојатни детали“.J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 65.

Надворешни врски

Наводи

Категорија:Дела на Стендал Категорија:Француски романи Категорија:Книги од 1830 година Категорија:Романи на француски јазик Категорија:Романи кои се одвиваат во Франција Категорија:Романи кои се одвиваат во Англија