За други значења на поимот Дебрца, видете на појаснителната страница мини|280п|десно|Дебрца на картата на Македонија (во црвено) Дебрца или Дебарца — етногеографска и историска област во Западна Македонија, северно од Охрид и југозападно од Кичево. Областа Дебрца го опфаќа најголемиот дел од територијата на Општина Дебрца.
Етимологија на името Досега во науката не постојат точни податоци за потеклото на името Дебрца. Повеќе стари дебрчани искажувале различни преданија за потеклото на името. Најверојатно најблиску до вистината е кажувањето на Јонче Попоски од Велмеј, според кој името на областа дошло од некогашниот град Дебрец кој постоел во средна Дебрца. Различни автори оваа област ја именувале со следните имиња: Ј. Г. Хан оваа област ја завел како Дебертза, Спиридон Гопчевиќ името на областа го завел како Дебрза, Кузман Шапкарев името на областа го завел според денешното име Дебрца.
Географски одлики и поделба на Дебрца
Дебрца е котлински предел кој на запад е ограден со падините на планините Стогово и Караорман кои ја одделуваат од областите Струшка Малесија, Дримкол и Дебарска Жупа, на исток со падините на планините Славеј Планина, Илинска Планина и Плаќенска Планина кои ја одделуваат од областа Железник (Демир Хисар), додека пак на север е отворена кон Кичевската котлина и областа Копачка, а на југ е отворена кон Охридско-Струшката котлина. Областа Дебрца се дели на три под-области Горна Дебрца со главно место Сливово, Средна Дебрца со главно место Издеглавје и Долна Дебрца со главно место Белчишта.Трифуноски, Ф. Јован. „Охридско-струшка област. Антропогеографска проучавања“. САНУ, 1980. стр.287 Главна водена артерија низ областа која протекува низ средишниот и јужниот дел на областа е реката Сатеска, која е притока на Црн Дрим и е дел од јадранскиот слив.
Население и села во Дебрца
Во областа Дебрца живеат 2.940 жители од кои повеќето се Македонци. Како и многуте македонски региони, така и Дебрца во втората половина на XX век беше зафатена од големите миграциони процеси па до денес има константно намалување на своето население. Населението на Дебрца скоро отсекогаш било македонско и христијанско, само во селото Песочани еден период живеело муслиманско население кое потекнувало од Албанци и исламизирани Македонци.
Во составот на областа Дебрца влегуваат селата од северниот и средишниот дел на Општина Дебрца - Долна Дебрца (т.е. поранешната Општина Белчишта). Во областа Белчишта влегуваат следниве села: Арбиново, Лактиње, Годивје, Врбјани, Сливово, Турје, Мраморец (во Горна Дебрца), Сошани, Оздолени, Слатински Чифлик, Слатино, Издеглавје (во Средна Дебрца), Ботун, Црвена Вода, Песочани, Ново Село, Белчишта, Злести, Лешани, Брежани, Велмеј, Грко Поле, Горно Средоречие и Долно Средоречие (во Долна Дебрца).Трифуноски, Ф. Јован. „Охридско-струшка област. Антропогеографска проучавања“. САНУ, 1980. стр.256
+Населени Места190019051917192119481953 1961197119811991199420022021Арбиново280320303395 410411 311195137 43322612Белчишта650752770850989 1.1221.203788615 620489437297Ботун370400398415523569526453303305212227163Брежани560640876 698742 742 547425 198 54 56 3115Велмеј700 784 698 949 1.186 1.257 1.2171.091 912639 582 511 260Врбјани480 640 705 712 803 879 649 371 229 129 106 58 32Годивје500 576 690 658 745 736 637 480 267 151104 9227Горно Средоречие100 56 15 53 175 297 161 140 80 59 38 14 7Грко Поле20 48 58 39 60 59 52 63 55 37 27 30 14Долно Средоречие72 32 38 65 111 ......70 71 66 55 57 43Злести530 520 534 720 701 721 680 552 504 369 333 294168Издеглавје200 224 275 241 471 529 566 445 339 176 150 13644Лактиње480 560 540 615 574 641 537 365 203 123 93 8254Лешани450 480 488 496 709 752 769 703 706 588 472 484 310Мраморец500 536 548 749 657 609 346 132 60 19 15 8 4Ново Село18 68 40 45 201 210 241 176 184 142 92 6839Оздолени200 216 285 257 417 462 409 325 185 95 79 4714Песочани360/ 437 552 294 358 355 268 159 126 106 9574Слатино960 1.040 860 778 957 1.016 948 800 547 218 204 16165Слатински Чифлик 4040 60 55 132 140 124 92 48 17 14 11 2Сливово400 480 420 476 489 463 332 194 70 35 24 165Сошани30 24 52 57 108 99 112 111 80 24 18 15 2Турје320 456 419 417 492 493 338 205 87 38 36 174Црвена Вода290 320 315 360 318 331 282 127 57 25 17 2310 Највисоката бројка на население областа Дебрца ја имала во 1953 година, кога броела 12.896 жители. Од таа година, до последниот попис во Македонија во 2002 година, населението на Дебрца е намалено за 77,2 %, или за 9.956 жители.thumb|right|300px|Карта на општина Дебрца со селските атари.
Раселени села во Дебрца Денес во Дебрца има 24 села, од кои некои пред целосно изумирање (Мраморец, Сливово, Турје, и др.). Но во минатото во Дебрца постоеле многу повеќе села, од кои некои биле многу значајни, од кои секако може да се издвојат Радомирово и Зглавица, овие две села имале преку 100 домаќинства. Денес не постојат следните села:
Сатеска: ова село се спомнува во пописниот дефтер од 1582, припаѓало на Охридскиот Санџак, нахија Дебрца, имало вкупно 25 жители и било едно од помалите села во дебрчката нахија, селото се наоѓало во атарот на селото Ботун, кога и како исчезнало ова село не постојат точни податоци. Леска: Ова село постоело некаде кај Лешани и Злести. Селото не се спомнува во пописниот дефтер од Охридскиот Санџак во 1582, но за селото имаат предание жителите на селата Лешани и Злести, села каде што живеат потомците на иселените жители на селото Леска, а според преданието селото исчезнало некаде во 18 век. Раштани: ова село постоело на границата помеѓу селата Ботун и Злести. Жителите на селото Злести во местото каде што постоело селото Раштани, пронашле камена плоча на која била заведена годината 1450, плочата подоцна била пренесена во охридскиот музеј, ова исчезнато село се спомнува и во 1582 во пописот во охридскиот санџак, припаѓало во нахијата Дебрца, имало вкупно 88 жители, кога исчезнало селото еден дел од населението на селото се иселило во кичевското село Раштани, точно кога се случило тоа не се знае. Мацково: ова било мало село, постоело северозападно од селото Песочани, не се спомнува во пописот од охридскиот санџак во 1582 година, па веројатно е настано подоцна. По населувањето на албанците во селото Песочани, крајот на 18ти, почетокот на 19 век, населението постепено почнало да се иселува од ова село, денес е познат само родот Мацковци (од кој потекнува познатиот писател Ванчо Николески), тие од селото Мацково се иселиле околу 1860 година. Радомирово: било едно од најголемите села во Дебрца, постоело северозападно од селата Црвена Вода и Песочани, на самата граница со областа Малесија, се наведува дека имало околу 500 домаќинства. Селото според преданието го добило името по Гаврил Радомир, селото пропаднало во првата половина на 19 век, кога од селото се иселиле последните жители. Денес е познат родот Грбаковци, кој се иселил во селото Лешани околу 1840 година. Јаорец: селото било на границата помеѓу селата Велмеј и Брежани. Во 1582 година било заведено како Јаворче, со 18 христијански домаќинства, преку селото Јаорец водел патот во правец, Дебар-Долна Дебрца-Демир Хисар-Битола. На крајот од 18 век поради некоја причина Турците го запалиле селото, па така едни избегале во кичевското село Јаворец (Милошевци, Трајановци и Илијовци), втори во Велмеј (Иљовци и Андревци), а трети во селото Брежани (Десановци и Цветковци). Зглавица: северозападна од селото Издеглавје, постоело селото Зглавица, според народната традиција селото имало околу 500 домаќинства, што го правело најголемо село во Дебрца. Ова село било средишно место во областа Дебрца, исто така се наведува и дека било главно место во климентовата Кутмичевица. Кога точно пропаднало селото Зглавица не се знае, но се знае дека од Зглавица има иселеници во селото Издеглавје (Тувчевци, Трповци, Куловци, Милевци, Гавриловци, Игларовци, Стојановци, Паунковци, Николовци и Србиновци). Иселеници има и на други места. Манастирец, Жежница и Петрчани: ова биле мали села кои постоеле во атарот на селото Врбјани, Манастирец пропаднал уште во 18 век, за Жежница кога пропаднало нема точни информации, додека највеќе се сочувани информации за селото Петрчани. Петрчани било 3км североисточно од селото Врбјани, прв помен за селото е во 1582 година, припаѓало на Охридскиот Санџак, нахија Дебрца, и имало 79 жители. Селото сè до 1863 било македонско кога во селото се населиле Черкези, тие биле многу лоши, вршеле големи зулуми, убиле некоја девојка што одела на патот Кичево-Охрид, потоа земале некоја девојка од селото Гари, и ја исламизирале. Поради сет терор кој го вршеле, Македонците од селата Врбјани, Годивје и Сливово се здружиле и го уништиле селото, при што убиле многу Черкези по што земјата од селото ја поделиле помеѓу себе. Некои Черкези што се спасиле пребегнале во дебарско, при што и денес постојат муслимани со презимето Черкези во околината на дебар. Некои од денешните родови во селото Врбјани (Патниковци, Анѓелевци, Ќемаловци, Радевци, Поповци, Вретовци, Савевци, Муратовци, Мушевци, Шамалевци и Пејовци) живееле во наведените три раселени села. Војово: се наоѓало во атарот на селото Годивје, на падините на планината Караорман. Селото изчезнало кон средината на 18 век, кога после пустошењето на Годивје, кога пропаднало старото Годивје еден дел од населението се иселило во прилепско, по што денешното Годивле го обновиле доселеници од раселеното село Војово, така во Годивје постојат следните родови доселени од Војово: Чараповци, Секуловци, Попаѓовци, Јаковчевци, Шутаровци, Деспотовци, Бачовци, Станковци, Дојчиновци, Шипинковци и Коруновци. Белче: селото се наоѓало на патот Сливово-Мраморец, но во атарот на селото Мраморец, селото пропаднало пред повеќе од 300 години, при што населението избегало на разни страни, некои се скриле во Мраморец, други отишле во Туин, па се вратиле назад, а трети отишле во селото Белче, демирхисарско, четврти во Сливово (Белчевци). Брест: селото се наоѓало источно од селото Оздолени, крај патот Издеглавје-Слатино. Тоа село поради некоја причина пропаднало, па еден дел од жителите пребегнале во селото Оздолени (Шишковци, Богдановци, Трпчевци и Смилевци).
Историја мини|лево|Поглед кон село Брежани Областа Дебрца е позната и под името Славна Дебрца поради своето славно минато исполнето со хероизам и борба за слобода на Македонија. Уште во периодот на турското ропство во Дебрца крстосувале многу ајдутски и комитски чети. Во времето на ајдутството, пред организираниот вооружен и револуционерен отпор на македонскиот народ, во почетокот и средината на XIX век во оваа област живеел и дејствувал Кузман Капидан, македонски народен јунак и војвода, опеан во народните песни, но и песните на Григор Прличев. Во времето на организираниот револуционерен отпор кон крајот на XIX и почетокот на XX век, во Дебрца многу често престојувал и охридскиот војвода Христо Узунов. Токму Дебрца, била најсилното жариште во Охридско, во времето на Илинденското востание во 1903 година. Многупати селата во Дебрца биле недостапни за турските арачлии поради што многу од селата повеќепати претрпувале палења и горења до темел (пр. Сливово и Мраморец).
Арбиновска битка