Жилјен Грак ( – ) — француски писател, поет, и драматург, близок до надреалниот правец во литературата и неговиот предводник Андре Бретон. Делата на Грак се одликуваат со елегантен стил на пишување, префинет речник, и апстрактни поими.
Животопис Грак посетувал средно училиште во Париз, а во 1930 запишал виша школа за политички науки. Во 1932 го прочитал романот на Андре Бретон, Надја, што му оставил длабок впечаток. Граковиот прв роман Замок од калиум тартрат потсетувал на стилот на Бретон, а Грак му посветил цела книга на Бретон во 1948. За време на Втората светска војна бил заробен во Шлеска со други армиски офицери, а таму се спријателил со писателот и книжевен критичар Арман Хог.
Во 1950 објавил тирада против современата литература и книжевните награди во рецензија во Empédocle. Кога ја освоил наградата „Гонкур“ за романот Спротивниот брег следната година, останал на својот став и ја одбил наградата. Грак предавал историја и географија во средно училиште сѐ до неговото пензионирање во 1970. Во 1979 го напишал предговорот на реизданието на Journal de l'analogiste (1954) од Сузан Лилар, чие дело го нарекол „раскошнo поведување на поезијата“. Целокупното творештво на Грак било издадено во 1989 од страна на библиотеката „Плејада“. Се држел настрана од големите книжевни церемонии и останал верен кон својот прв издавач Хосе Корти. Грак живеел мирен и повлечен живот во родниот Сен-Флоран-ле-Веи, на брегот на реката Лоара. Починал на 22 декември 2007, на возраст од 97 години, во болница во Анже два дена по претрпена вртоглавица.
Библиографија Au château d’Argol, 1938 Un beau ténébreux, 1945 Liberté grande, 1947 Le Roi pêcheur, 1948 André Breton, quelques aspects de l’écrivain, 1948 La Littérature à l'estomac, 1949 Le Rivage des Syrtes, 1951 Prose pour l’Etrangère, 1952 Penthésilée, 1954 Un balcon en forêt, 1958 Préférences, 1961 Lettrines, 1967 La Presqu’île, 1970 Le Roi Cophetua, 1970 Lettrines II, 1974 Les Eaux Etroites, 1976 En lisant en écrivant, 1980 La Forme d’une ville, 1985 Autour des sept collines, 1988 Carnets du grand chemin, 1992 Entretiens, 2002
Наводи
Надворешни врски Посмртница во The Times, 31 декември 2007
Категорија:Француски писатели Категорија:Добитници на Гонкуровата награда Категорија:Апсолвенти на Високата нормална школа