Народноослободителен партизански одред „Дримкол“ е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија, формирана од Штабот на Втората оперативна зона. Некаде се споменува и како партизански баталјон „Дримкол“, во првт половина на август 1943 година.
Дејност Одредот е формиран во текот на втората половина на август 1943 година во месноста Свети Спас кај Вевчани, од 20 борци, претежно од албанска националност. Неговата главна задача била да дејствува меѓу Албанците, за да ја разобличи големоалбанската пропаганда меѓу албанското население, за формирање НОО и примање нови борци. Борбените дејства главно биле насочени со напади на транспортната линија Струга-Дебар. Еден дел од одредот се спојува со Првата македонско-косовска ударна бригада во текот на октомври 1944 година, во кичевското село Дворци.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1019.
Наводи
Категорија:Македонија во Втората светска војна Категорија:Одреди во НОВМ