Пјер Мариво (француски: Pierre Carlet de Chamblain de Marivaux, роден на во - починал на во ) — француски писател.
Биографија
Пјер Мариво е роден е во Париз. Тој се запишал на колеџ во Риом, каде што неговиот татко работел како службеник во ковачница за правење пари. Во 1710 година се запишал на студии по право, но факултетот не го завршил, бидејќи повеќе се интересирал од книжевност.
Тој посетувал неколку библиотеки и книжевни салони во Париз, каде што се запознал со познати писатели, како Бернар ле Бовие де Фонтенел, Ла Моте, Шарл Монтескје. Така, во 1712 година Пјер Мариво ја објавил својата прва комедија „Père prudent et équitable“, по која следувале и неговите први романи и пародии, иако истата комедија била напишана кога имал осумнаесет години. Во периодот од 1713 до 1715 година напишал три романи: „Effets surprenants de la sympathie“, „La Voiture embourbée“ и „Les Folies romanesques“. Овие книги се многу различни од делата кои ги објавил подоцна. Тие биле инспирирани од страна на шпанските романси и херојските дела од минатиот век.
Во 1720 година паднал во голема финансиска криза, па поради тоа целосно се посветил на книжевната и издавачката дејност. Од 1742 година бил избран за член на Француската академија. Покрај пишувањете и членството на академијата, Мариво бил принуден да ја испрати својата ќерка во манастир бидејќи немал доволно средства за нејзиниот мираз.
Староста ја поминал кај еден свој пријател. Починал на во .
Надворешни врски
Категорија:Француски писатели Категорија:Членови на Француската академија