Харалд „Слактарн“ Андерсон (2 април 1907 – 18 мај 1985) — шведски атлетичар кој се натпреварувал во дисциплината фрлање диск. Во 1934 година тој ја освоил европската титулаHarald Andersson . sports-reference.com и бил сопственик на светскиот рекорд во фрлање диск осум месеци. Истата година тој го добил признанието за „најзначајно шведско спортско остварување во годината“.
Кариера Андерсон бил шведски шампион секоја година од 1932 до 1935 и најдобар светски фрлач на диск во 1934 и 1935 година. Тој го соборил светскиот рекорд на американецот Пол Џесап од 51.73 метри двапати во исто натпреварување (двоен натпревар помеѓу шведските и норвешките тимови во Осло) на 25 август 1934 година, префрлајќи најпрво 52.20 метри а потоа и 52.42 метри; вториот резултат бил официјално ратификуван од ИААФ. На Европското првенство 1934 во Торино две недели подоцна Андерсон префрлил 50.38 метри и победил убедливо пред Пол Винтер и Иштван Доноган.
Андерсон го загубил приматот светски рекордер во април 1935 година, кога германецот Вили Шредер префрлил 53.10 метри во Магдебург; но сепак, тој останал најдобар светски фрлач, бидејќи Шредер не бил во постојана форма на големите натпреварувања и имал здравстевни проблеми. Андерсон ги освоил титули на шведското и британското државно натпреварување истата година, и на 13 октомври тој го подобрил шведскиот државен рекорд на 53.02 метри во Еребру. Тој бил главен фаворит на Летните олимписки игри 1926 во Берлин, но се повредил самиот пред игрите; тој се обидел да се натпреварува во квалификациите, но успеал да прфрли околу 38.5 метри и не успеал да се квалификува во финалето.
Наводи
Категорија:Родени во 1907 година Категорија:Починати во 1985 година Категорија:Шведски фрлачи на диск