Фаина Григориевна Мељник (9 јуни 1945 – 16 декември 2016) — советска атлетичарка која се натпреварувала во дисциплините фрлање диск и фрлање ѓуле, освојувач на златен медал Летните олимписки игри 1972 во дисциплината фрлање диск. Во текот на својата кариера, таа поставила 11 светски рекорди.

Кариера Мељник била еврејка, и е родена во Бакота, Хмелничка област, Украина. На Летните олимписки игри 1972 во Минхен, таа трипати го соборувала олимпискиот рекорд во дисципината фрлање диск, и поставила светски рекорд од 66.62 метри. Во 1976 таа го остварила својот најдобар личен резултат од 70.50 метри, но завршила на четвртото место на Летните олимписки игри 1976. На истите Олимписки игри таа се натпреварувала и во дисциплината фрлање ѓуле и завршила на десеттото место. Таа не успеала да се квалификува во финалето во фрлањето диск на игрите во 1980 година.Faina Melnik . Sports-reference.com.

Мељник дипломирала на Московскиот медицинско-стоматолошки универзитет и подоцна работела како стоматолог и како атлетски тренер во Москва. Таа била тренер на Наталија Лисовскаја и Светлана Кривелјова. Мељник била венчана со Велко Велев, бугарски фрлач на диск кој исто така се натпреварувал на Летните олимписки игри во 1976 и 1980 година.

Наводи

Надворешни врски Профил на sports-reference Профил на мрежното место на Олимписките игри

Категорија:Родени во 1945 година Категорија:Починати во 2016 година Категорија:Советски фрлачи на диск Категорија:Советски Евреи Категорија:Освојувачи на златни олимписки медали за СССР Категорија:Украински Евреи Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“ Категорија:Руси со украинско потекло Категорија:Починати во Москва