Џузепе Марија Креспи (италијански Giuseppe Maria Crespi) (14 март 1665 – 16 јули 1747), со прекар Шпанецот (Lo Spagnuolo) е италијански сликар од доцниот барок на Болоњската школа. Сликал религиозни сцени и портрети, а познат е по своите тематски слики.
Џузепе Креспи, заедно со Џамбатиста Питони, Џован Батиста Тјеполо, Џован Батиста Пијацета, Каналето и Франческо Гуарди е дел од групата стари мајстори од тој период.
Животопис лево|мини|Барање болви Џузепе Креспи е роден во Болоња, во семејството на Џироламо и Изабела Креспи. Мајка му била далечна роднина со благородното семејство Коспи, а кои пак биле поврзани со семејството Медичи. Го добил прекарот „Шпанецот“ затоа што носел тесна облека карактеристична за шпанската мода од тоа време.
На свои 12 години, бил чирак кај Анџело Микеле Тони (1640–1708).Статија за Креспи, Енциклопедија Британика, 11-то издание (1910-1911) Од 15 до 18 годишна возраст, работел кај Доменико Марија Канути. Сликарот Карло Сињани го поканил Креспи во 1681–1682 да се приклучи кон Академија дел Нудо и да учи цртање. Креспи останал таму до 1686 година, кога станал независен сликар.
Неговиот биограф, Џампјетро Заноти, рекол за Креспи: „Тој никогаш повторно не работел за пари, туку сликал според каприците на својата фантазија. Често сликал обични нешта, сиромашни луѓе кои служат на богатите.“ Ова се однесувало и на самиот Креспи, кој на почеток на својата кариера сликал уметнички дела по порачка на богатите.
Електичен уметник, Креспи сликал портрети и карикатури, а познат бил и по својот бакропис по Рембрант и Салватор Роза. За него се вели дека насликал неколку ремек-дела во различни стилови. Насликал и неколку фрески. Не бил многу ценет во свое време.Lanzi p. 162-3. Креспи доживува длабока старост, доживеал сликите да му бидат ценети и откупувани и надвор од Болоња. Добил признание од папата и кавалерски орден.
Наводи
Категорија:Италијански сликари Категорија:Барокни сликари Категорија:Родени во 1665 година Категорија:Починати во 1747 година Категорија:Италијански барокни сликари