Дојчин Христов Тодоров (роден во Присовјани) — македонски револуционер, охридски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 331
Животопис Дојчин Христов е роден во струшкото село Присовјани. По занает, тој бил ѕидар. Од април 1902 година, тој станал четник во четата на Никола Русински, заедно со своите браќа Цветко Христов и Тасе Христов - исто така револуционери од ВМОРО. Подоцна, тој станал четник во четата на брата си Тасе, а за време на Илинденското востание во летото 1903 година раководел сопствена чета во село ’Ржаново. Во втората половина на септември, откако го собирале и криеле оружјето од демобилизираните чети во регионот на дебарска Жупа, Цветко, Тасе и Дојчин Христови избегале во Бугарија, водени по разработен канал од кичевскиот војвода Ванчо Србаков.Анастасов, Йордан. „Илинденско-Преображенското въстание 1903—1968“, „Спомени на Смиле Войданов“ стр.204, 206, 210 За време на Младотурската револуција, тој бил уапсен и жестоко измачуван за време на младотурската борба за разоружување, во 1910 година.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 179.
Наводи
Категорија:Луѓе од Присовјани Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи