Трајко Тодоров (Тодев), најпознат како Трајко Желевски (, Желево, Леринско - , , Бугарија) — македонски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација и костурски војвода.

Животопис Трајко Тодоров бил роден во 1875 година, во леринското село Желево, денес Андартико, Егејска Македонија. Завршил основно образование. Во 1898 година влегол во редовите на ВМОРО и од 1900 година бил нелегален четник кај Пандо Кљашев и Митре Влаот. По Илинденското востание, од 1904 до Младотурската револуција во 1908 година, тој бил помошник на реонскиот војвода Христо Цветков во Костурско. За реон на дејствување, Желевски го имал родното село и го придружувал Христо Цветков при обиколките во реонот на КостенаријаГеоргиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 475-481., „Българските революционни чети в Македония според доклад на А. Тошев до министъра на външните работи и изповеданията Д. Станчов“.

После Хуриетот работел во Торонто, Канада. При избувнувањето на Првата балканска војна, тој се вратил и учествувал во борбите против Османлиското Царство. Пред крајот на војната се вратил во родното село, но по распит на грчки војници за да го вооружат, тој пребегнал во Бугарија.Томев, Фото. Кратка история на село Желево, Македония, издава Желевското Благотворителното братство в Торонто, Торонто, 1971, с. 42-43/Tomev, Foto. Short history of Zhelevo village, Macedonia, Zhelevo Brotherhood, Toronto, 1971, p. 42-43.

По Втората балканска војна во 1913 година бил дел од Здружената партизанска чета на Македонско-одринското ополченство на Васил Чекаларов, која војувала против грчки чети. Учествувал и во Првата светска војна.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 56.

По потпишувањето на т.н. Мајски манифест во 1923 година и последователните братоубиства, бил застрелан заедно со Тома Желински, во јуни, истата година.Според Петар Чаулев за убиството била добиена согласност од Никола Милев - Отворено писмо на П. Чаулев до г. Кирил Прличев, сметководител на Внатр. Македонска Револ. Организација и учител в III Софиска машка гимназија, Софија, 13 октомври 1924 г.

Наводи

Категорија:Луѓе од Желево Категорија:Македонски војводи Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски преселници во Асеновград Категорија:Македонски преселници во Торонто Категорија:Отомански преселници во Канада Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Учесници во Илинденското востание