Кејлеб Кејси Мегвајер Афлек (роден на 12 август 1975 г.) — американски глумец и режисер.
Тој ја започнал својата филмска кариера уште како дете, појавувајќи се во телевизискиот филм Небо од лимон (1988) и во минисеријата на ABC, Кенедиеви од Масачусетс (1990). Тој подоцна играл улоги во три филмови режирани од Гас Ван Сан - Да се умре за (1995), Добриот Вил Хантинг (1997) и Гери (2002), и во филмската трилогија режирана од Стивен Содерберг - Единаесетмината на Оушн (2001), Дванаесетмината на Оушн (2004) и Тринаесетмината на Оушн (2007). Негова прва главна улога била улогата на депресивен писател во независната комична драма Осамениот Џим (2006).
Афлек направил исчекор во својата кариера во 2007 година. Тој бил номиниран за Оскар за најдобар глумец во споредна улога за вестерн драмата Убиството на Џеси Џејмс од кукавицата Роберт Форд и добил дополнителни пофалби за улогата на приватен детектив во мистериозната драма Исчезната без трага, режирана од неговиот брат Бен Афлек. Во 2010 година, тој го режирал мокументарецот Сѐ уште сум тука, во кој играл неговиот зет Жоакин Феникс, и играл улога на сериски убиец во Убиецот во мене. Во 2016 година, Афлек играл неподмитлив детектив во криминалниот трилер Код 999, тивок инженер во Најдобрите часови, и ожалостен маж во драмата Манчестер покрај море. За улогата во Манчестер покрај море, тој ги добил наградите Златен глобус, БАФТА и Оскар за најдобар глумец.
Филмографија Филм Година Наслов Улога Белешки1995Да се умре заРасел Хајнс1996Трка со сонцетоДаниел Вебстер1997Луд по ЕјмиМало дете1997Добриот Вил ХантингМорган О'Мали1998Пустинско синилоПит Кеплер1999200 цигариТом2000Кој ја уби МонаБоби Калцоне2000Верна женаЏеј2000ХамлетФортинбрас2000Внимание купувачиЏед2001Единаесетмината на ОушнВиргил Малој2001Американска пита 2Том Мајерс2001Бесмртни душиШон2002ГериГериИсто така сценарист2004Дванаесетмината на ОушнВиргил Малој2005Осамениот ЏимЏим2006Последниот бакнежКрис2007Тринаесетмината на ОушнВиргил Малој2007Убиството на Џеси Џејмс од кукавицата Роберт ФордРоберт Форд2007Исчезната без трагаПатрик Кензи2010Убиецот во менеЛу Форд2010Сѐ уште сум тукаСебесиИсто и режисер, продуцент, сценарист, кинематографер и монтажер2011 Грабеж на кулатаЧарли Гибс2012ПаранорманМич ДауниГласовна улога2013Нема светци во рајотБоб Мулдун2013Надвор од пеколотРодни Бејз Јуниор2014ИнтерстеларТом Купер 2015ЕдинствоРаскажувачДокументарен филм2016Манчестер покрај мореЛи Чендлер2016Најдобрите часовиРеј Сиберт2016Код 999Крис Ален 2017 Приказна за еден дух Ц
Телевизија Година Наслов Улога Белешки1988Небо од лимонЏериТВ филм1990Кенедиеви од МасачусетсРоберт Кенеди (12–15 години)Минисерија2010Втората светска војна во ХД: Воздушна војнаЏои Арманини (глас)ТВ филм
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1975 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски глумци Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Добитници на Златен глобус