Тениски — австронезиски јазик, дел од групата на океански јазици, поточно од погрупата на мезомеланезиски јазици. Јазикот е најсроден со мусауанско-емиранскиот јазик, со кој формираат подгрупа на мезомеланезиските јазици. Јазикот го зборуваат околу 30 луѓе и со тоа истиот се смета за скоро исчезнат јазик. Традиционално јазикот се зборувал на островот Тенч, острови Свети Матијас во Папуа Нова Гвинеја.
Поврзано Океански јазици Мезомеланезиски јазици
Категорија:Светиматејски јазици Категорија:Јазици во Папуа Нова Гвинеја