Свети Илија — новоизградена селска црква во малешевското село Владимирово. Сместена е на полјана во крајниот источен дел од селото.

Историја Црквата била изградена во 2005 година. Во неа се извршувале главните религиски обреди во периодот кога опожарената црква „Вознесение Христово“ се обновувала.„„Св. Илија“ го заменува „Св. Спас“ во Владимирово“. Дневник. 27 ноември 2014.

Архитектура Црквата претставува крсто-куполен храм. Куполата има осумаголна основа и е изградена од тули, а на секоја од страните има монофора. Покриена е со пирамидален кров над кој има крст. Црквата е изградена од тули и на нејзините ѕидови има повеќе копјести прозорци. Пред влезот на црквата и непосредно од десната страна има натстрешница.

Поврзано Црква „Вознесение Христово“ Струмичка епархија Владимирово

Наводи

Надворешни врски

Владимирово Категорија:Владимирово