Атанас Јовев Муртински — македонски револуционер, струмички војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Животопис Јовев е роден во струмичкото село Муртино и затоа го добил прекарот Муртински. Бил еден од поистакнатите селски раководители на МРО, какви што биле и: Васил Наков (Дрвош), Алекса Иљашев (Попчево) Ѓорги Митушев (Три Води), Божин Ѓоргиев Божин Ѓоргиев бил делегат и на околискиот Конгрес на автономистичката ВМРО, којшто бил одржан 1923 година на планината Беласица (Барбарево), Миљко Витанов (Робово), Панде Филев Смиљков (Дабила), Атанас Галев, Доне Јуруков, Трајко Барбутов, Мите Манавски, Андон ПоповТрајко Барбутов-Шерко, Мите Манавски и Андон Попов (сите од Моноспитово) поради нивната револуционерна ангажираност и во подоцнежната автономистичка ВМРО на Тодор Александров, во дваесеттите години од XX век, биле осудени на смрт од страна на српските власти и стрелани пред народот на извесно место меѓу градот Струмица и селото Дабила. , Велко и Ристо ЏолевРисто Џолев во 1923 година од српските власти е осуден на 8 (осум) години строг затвор. Окован во тешки пранги бил одведен во Нишкиот затвор. (Моноспитово) и повеќемина други дејци кои одиграле особено важна улога во животот на Организацијата во Струмица и Струмичко. Во неговиот дом во Муртино, често престојувале раководители и дејци на Струмичкиот револуционерен округ, меѓу кои бил и војводата Христо Чернопеев. Откако османлиските власти присобрале информации за револуционерната активност на Атанас Јовев-Муртински, била создена вистинска можност и опасност за негово затворање и изведување пред османлиските судови. Во 1906 година, тој основал чета, која дејствувала сè до Младотурската револуција во 1908 година.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 67. Револуционерна дејност покажал и во периодот од почетокот на дваесеттите години од XX век кога дошло до возобновување на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) под раководство на Тодор Александров. Починал во 1924 година.
Наводи
Категорија:Луѓе од Муртино Категорија:Македонски војводи Категорија:Дејци на ВМРО од Струмица