Трифун Костовски (27 декември 1946, Скопје) — македонски стопанственик, дарител и поранешен градоначалник на Град Скопје (2005-2009). Женет е и има три деца.

Образование

Костовски дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Покрај македонскиот, тој говори и англиски, полски, руски и хрватски јазик.

Сегашна позиција Член на Одборот на Меѓународната кризна група (МКГ) Корпоративен член на Советот за надворешни работи на САД Корпоративен член на Глобалната бизнис коалиција за борба против СИДА Член на Советодавното бизнис тело, работен состанок II на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа Член на Парламентарното собрание на ЦЕИ Основач и член на Форумот за Македонија 2001 Основач и член на Форумот за евроатланска интеграција на Република Македонија (ФЕИМ) Основач и член на Граѓанското движење на Македонија Претседател на Ракометната федерација на Македонија

Признанија и активности

Добитник на наградата „Климент Охридски“ за достигнувања во науката, уметноста, културата и хуманитарната дејност (2004) Основач на Фондацијата „Трифун Костовски“ во рамките на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Функцијата на фондацијата е финансирање на научни проекти, едиции, публакации и уметнички колекции од национален интерес Ктитор на изградбата на Соборниот храм „Света Богородица“, заштитничката на Скопје Сопственик на ракометниот клуб Кометал Ѓорче Петров кој во сезоната 2001/2002 ја освои титулата европски ракометен клупски шампион во женска конкуренција Претседател и спонзор на фудбалскиот клуб „Работнички Кометал“ Спонзор на „РК Пелистер Кометал“, повеќекратен државен првак во ракомет во машка конкуренција Основач и финансиер на неколку медиумски куќи во Македонија Финансиер и поддржувач на голем број невладини организации, болници и социјални установи, на хуманитарни и волонтерски активности, помош на инвалиди, финансиска поткрепа на социјални случаи, помош на болни за операции и лекувања Спонзорирање на школување на млади музичари и уметници Спонзорирање на заштитата и обновата на културно - историски споменици Спонзорирање на светилишта на Македонската православна црква. Има помогнато во санацијата на „Св. Софија“ во Охрид и “Св. Пантелејмон” во Велес, на конаците на “Св. Јован Бигорски”. Има донирано во црквите „Св. Трифун“ во Кучково, „Св. Петар и Павле“ во Јурумлери, ”Св. *Климент и Св. Петка” во Штип, Соборниот храм „Рождеството на Света Богородица Трорачица“ во Крива Паланка. Во овој контекст треба да биде спомената и помошта за џамијата во Центар Жупа. Дарување во значајни акции и објекти во Скопје (улица „Водњанска“, Кеј „13 Ноември“, булевар „Маркс и Енгелс“, споменик на Мајка Тереза, инфраструктурни работи во неколку училишта, гимназии, факултети и села), како и во други градови во земјата

Работно искуство

Основач на Кометал ТрејдТРИФУН КОСТОВСКИ (Kometal Trade Gmbh) - Виена, Австрија (1991). Компанијата се занимава со активности во сферата на металургијата на австрискиот, швајцарскиот, полскиот, украинскиот и рускиот пазар.

Претходно искуство

Прво вработување во Технометал - Македонија во Скопје (1971) Претставник на „Технометал - Македонија“ во канцеларијата во Варшава Вработување во швајцарската фирма „Ситко“ во Виена (1989) Претставник на “Ситко” во канцеларијата во Варшава Член на Собранието на Република Македонија со статус на независен пратеник Градоначалник на Град Скопје (2005-2009)

Наводи

Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Градоначалници на Град Скопје Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје