Прајмвал е американски хорор филм од 2007 година. Главните ликови во филмот ги толкуваат глумците Доминик Персел, Орландо Џонс и Брук Ленгтон како тим на американски новинари кои патуваат во Бурунди за да ги снимаат џиновските, човекојадни крокодили.
Прајмвал е инспириран од вистинска приказна за човекојадниот крокодил Густав, кој живее во Бурунди и е долг повеќе од 6 метри и тежок околу еден тон.
Содржина
Улоги Доминик Персел - Тим Манфри Брук Ленгтон - Авива Мастерс Орландо Џонс - Стивен Џонсон Јирген Прохнов - Џејкоб Криг Гидеон Емери - Мат Колинс Габриел Малема - Џоџо Думисани Мбебе - Хари / Малиот Густав Патрик Листер - Роџер Шарп Линда Мпондо - Златен заб Ернест Ндолову - Шаман Танди Нугбани - сопругата на Шаман Кгмотсо Мотлоси - синот на Шаман
Промоција Снимањето започнало во април 2006 година во Јужна Африка. Снимањето пак на друг хорор филм со крокодил, Ужасот од реката, морало да биде одложено за есен 2007 поради сличностите на филмот со Прајмвал.
Промотивниот трејлер за филмот го прикажува Густав како "сериски убиец", од кој загинале повеќе од 300 жртви и "бројката се зголемува". Тој е во споредба со Џек Мевосек и Зодијак но со не-човечки особини неговата состојба никогаш не е споменато, освен за кратко каде што раскажувачот вели: "Тој е вистински, но тој не е човек". Скратената верзија на овој трејлер не го содржи сето ова. Меѓутоа, во трејлерот, крокодил, веројатно Густав, трепка кратко на екранот. На промотивниот постер слично се повикува Густав како "еден од најплодните сериски убијци во историјата". Официјално мрежно место на филмот ретко спомнува дека убиецот е всушност крокодил.
Критики Филмот е лошо примен, добивајќи рејтинг од само 19% на Rotten Tomatoes. Природонаучникот Патрис Феј рекол дека Прајмвал, "е пред сè, навреда на Бурунди, бидејќи ја прикажува земјата во лошо светло, и народот на Бурунди е напрваен да биде дивјаци, варвари, крадци и убијци".
Наводи
Надворешни врски
Официјален ДВД вебасајт на Прајвал National Geographic – Gustave: Have You Seen This Crocodile?
Категорија:Американски филмови Категорија:Американски хорор филмови Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на свахилски јазик Категорија:Филмови во режија на Мајкл Кателман