Масур Усман Дембеле (роден на 15 мај 1997 година) — професионален француски фудбалер, напаѓач на Барселона и на француската репрезентација.
Роден во Вернон, Дембеле ја започнал својата кариера во Рен пред да се приклучи на Борусија Дортмунд во 2016 година. Тој го освоил Купот на Германија со Борусија Дортмунд во сезоната 2016-2017, постигнувајќи погодок во финалето. Една година подоцна, тој бил купен од страна на Барселона за сума од €105 милиони, влегувајќи во списокот на најскапите фудбалери како втор најскап фудбалер заедно со својот сонародник Пол Погба. Во првата сезона играјќи во Шпанија, Дембеле ги освоил Примера Дивисион и Купот на Шпанија иако дел од сезоната му била попречена поради повреди.
По 20 настапи, постигнувајќи пет погодоци за различни младински селекции, Дембеле дебитирал за сениорската репрезентација на Франција во 2016. Тој бил повикан во француската репрезентација за Светското првенство 2018, на кое триколорите ја освоиле титулата.
Животопис Дембеле е роден во Вернон од мајка од мавританско потекло и татко од Мали.
Клупска кариера Рен Дембеле го направил своето деби играјќи за вториот тим на Рен во Втората француска аматерска лига на 6 септември 2014, влегувајќи на местото на Зана Али во победата со 2-0 над резервниот тим на Генгамп со 2-0.
Своето деби за првиот тим на Рен го имал на 22 ноември 2015 во натпреварот против Бордо (2-2) во Лига 1 и во истиот го постигнал својот прв професионален гол.
Борусија Дортмунд На 12 мај 2016 потпишал петгодишен договор со Борусија Дортмунд.
Барселона На 25 август 2017 година, тој се преселил во шпанската Ла Лига, а тимот на Барселона објавила дека постигнала договор со Борусија Дортмунд за Дембеле, во вредност од €105 милони евра плус бонус додатоци, додека медицинските прегледи биле закажани за 28 август.Тој потпишал петгодишен договор и неговата клаузула за откуп била поставена на 400 милиони евра. Овој договор резултирал со тоа да стане негов втор најскапиот играч (во евра), по поранешниот играч на Барселона Нејмар. Рен добил 20 милиони евра од Борусија Дортмунд како резултат на продажбата.
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 20 декември 2016.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2015-2016 Рен Л1 26 12 КФ+ЛКФ 2+1 0 - - - - - - 29 12 2016-2017 Борусија Дортмунд БЛ 174 КГ 2 0 ЛШ 61 СГ 1 0 265Вкупно во кариерата4316 5 0 61 1 0 5517
Хронологија на репрезентативните настапи
Наводи
Надворешни врски
Усман Дембеле на soccerway Усман Дембеле на transfermakt Усман Дембеле на whoscored Усман Дембеле на espn Усман Дембеле на goal.com France profile at FFF
Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Рен Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Дортмунд Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026