Јован Димовски (Мечкоски) или Јон ПашатаПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 71Николов, Борис. ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 47 (, Лознани - , ) — македонски револуционер, битолски војвода на Тајната македонско-одринска револуционерна организација.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009, стр. 471
Животопис Јован Димовски (Мечкоски) е роден во 1876 година, во битолското село Лознани.Постојат неколку гледишта за датумот и родното место на Јон Пашата. Според бугарското дело „Македонците во културно-политическиот живот на Бугарија. Анкета од Извршниот комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, Софија, 1918, стр. 94.“ тој е роден 1876 во селото Лознани Во 1897 година работел во Романија и при завршувањето на печалбата во 1900 година, тој отишол кај Шебедин-бег каде порано работел, ја искршил вратата и зел една пушка и два пиштола. Потоа се вклучил во ВМОРО, и од 1902 година, тој станал четник во четата на војводата Ѓорѓи Сугарев. За време на Илинденското востание во 1903 година, тој бил во четата на Иван Кафеџијата. Водел самостојна чета во Шурковската планина и Преспанско, а потоа во реонот Кичевско и Битолско.
Во 1904 година, тој бил назначен за реонски војвода низ Битолско Поле. Заедно со Димче Сарванов и Трајко Кралот, тие дејствувале против грчката вооружена пропаганда во Македонија. Негов четник бил Грујо Акелов.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 5. На 1 јули 1905 година крај селото Могила го убил познатиот турски насилник Шефки-ага. Дејствувал како помошник реонски војвода на Димче Сарванов. За реон на дејствијата ги имал полските села низ Пелагонија од десната страна на реката Црна и Ѓаваткол со 6 четнициГеоргиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 475-481., „Българските революционни чети в Македония според доклад на А. Тошев до министъра на външните работи и изповеданията Д. Станчов“.Во крајот на 1907 година Јон Пашата се разболел тешко од дифтерија а умрел од труење додека се лечел во Битола на 20 ноември 1907 година.Революционната дейность въ Демирхисаръ (битолско) по спомени на Алексо Стефановъ (Демирхисарски войвода). Съобщава Боянъ Мирчевъ (Издава „Македонскиятъ Наученъ Институтъ”, София. — Печатница П. Глушковъ. — 1931) Материали за историята на македонското освободително движение, книга XI, стр. 87-88.
Погребан е во дворот на битолската црква „Света Недела“ и потоа бил препогребан во гроб на некоја млада жена, поради честите претреси на османлиската војска низ гробиштата.
Негови потомци се семејството Димовски (Мечкоски) од Лознани, како и Врџовски од Логоварди.Спомени и биографии на илинденци, ДАРМ - Подрачно одделение – Битола, Битола, 1993.
Наводи
Категорија:Луѓе од Лознани Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија