Христо Аргиров познат како ЧаушотПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 63Николов, Борис. ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 103. (, Чичигаз, Ениџевардарско - , , Бугарија) — македонски револуционер, деец на Македонскиот комитет, воденски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 12
Животопис Чаушот е роден е во 1884 година во ениџевардарското село Чичигаз. Влегол во ВМОРО и станал комита на Апостол војвода. Подоцна бил назначен за самостоен војвода на чета во Воденско и Ениџевардарско. Летото 1904 година Апостол војвода и Христо Аргиров, со чета која била составена претежно од Власи, организирале напад над патријаршисти меѓу градовите Гевгелија, Ениџе Вардар и Воден, па и дури го заплашиле и Негуш.Dakin, Douglas. The Greek Struggle in Macedonia 1897-1913, Society of Macedonian studies, Thessaloniki, 1993, стр. 165-166.
Во мај 1912 година навлегол во Македонија со четата на Ичко Димитров и бил назначен за воденски околиски војвода.Динев, Ангел. Хуриетът и следхуриетските борби в Гевгелийско. София, 1934, стр. 62-64. За време на Првата балканска војна водел чета на Македоно-одринските доброволни чети, која дејствувала во Берско и ѝ потпомогнала на грчката армија при преземањето на Бер и Негуш.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.111 Во 1913 година со целата чета бил заробен од Грците„Националноосвободителната борба в Македония, 1919 - 1941 г.“, Колектив, ИК „Знание“, София, 1998 г., стр. 24 и бил држен до февруари 1914 година.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 796. По окупацијата на Егејска Македонија од Грција, Аргиров одново станал војвода на ВМОРО.Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 133. Починал во Софија на 7 февруари 1922 година.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 10.
Наводи
Категорија:Луѓе од Чичигаз Категорија:Македонски војводи Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Македонски револуционери