Винсенте Калдерон ( ) — стадион на Атлетико Мадрид. Се наоѓа во самиот центар на главниот град на Шпанија. Стадионот првобитно се викал Мансанар, но во 1971 година, името му било променето во Винсенте Калдерон по познатиот, претседател на Атлетико Мадрид.
мини|240x240пкс|Висенте Калдерон од јужната страна на голот
На 30 јули 2007 година, Атлетико Мадрид, пиварницата Mahou и Ayuntamiento de Madrid потпишале договор за рекласификација на земјата, која во моментов е окупирана од страна на стадионот Висенте Калдерон и пиварницата Mahou, согласувајќи се дека Атлетико Мадрид во нардните 3 години ќе играат на стадионот Олимпико во Мадрид, подобро познат како Estadio La Peineta, кој во моментов се реновира во рамките на подготовките за закуп на Атлетико. По реконструкцијата, La Peineta ќе се има сместивост од 73.000 гледачи и ќе има целосно покриени трибини. На крајот на сезоната 2016/17, стадионот Висенте Калдерон ќе биде срушен, и на негово место ќе биде изграден парк што треба да биде прогласен за „Парк Атлетико Мадрид“. Тогаш Атлетико Мадрид ќе се пресели во La Peineta .
Одлуката за уривање на стадионот не беше добро примена од страна на некои од навивачите на Атлетико кои беа против релокација на клубот.
Одиграни натпревари на Светското првенство 1982 година на Висенте Калдерон На Калдерон се одиграле три натпревари на Светското првенство во фудбал 1982 година (сите во второто коло во групата Д). Франција 1 - Австрија 0 Австрија 2 - Северна Ирска 2 Северна Ирска 1 - Франција 4
Надворешни врски
Станица о стадиону на сајту Атлетика Фотографије Висенте Калдерона
Категорија:Фудбалски стадиони во Шпанија Категорија:ФК Атлетико Мадрид Категорија:Згради и градби во Мадрид Категорија:Спортот во Мадрид Категорија:Стадиони во Европа Категорија:Стадиони на светско првенство 1982