Сер Џон Винсент Херт, ЗБИ (22 јануари 1940 – 25 јануари 2017) — англиски глумец чија кариера траела шест децении. Тој првично станал познат по споредната улога Ричард Рич во филмот Човек за сите времиња (1966). Подоцна, тој играл главни улоги, и тоа како Џон Мерик во биографскиот филм Човекот-слон (1980), Винстон Смит во 1984 (1984), Г-дин. Брадок во драмата Убиство (1984) и Стивен Ворд во драмата Скандал (1989). Тој е исто така познат по телевизиските улоги како Калигула во Јас, Клавдиј (1976) и како воениот доктор во Доктор Ху.
Херт исто така играл значајни улоги во затвореничката драма Полноќен експрес (1978), научнофанатастичниот хорор филм Осмиот патник (1979), авантуристичкиот филм Роб Рој (1995), политичкиот трилер О за одмазда (2006), натприродниот трилер Клуч на тајни (2005), научнофанатастичниот авантуристички филм Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп (2008), филмскиот серијал Хари Потер (2001–11), суперхеројските филмови Хелбој (2004) и Хелбој: Златната војска (2008) и шпионскиот филм Мислител, кројач, војник, шпион (2011). Последната сцена на неговиот лик во филмот Осмиот патник била прогласена од бројни публикации како една од најнезаборавните сцени во филмската историја.
Еден од последните филмови на Херт е биографскиот филм Џеки (2016). Негов последен филм во кариерата ќе биде филмот Најтемниот час, кој ќе биде издаден во ноември 2017 година, во кој тој ќе го толкува британскиот премиер Невил Чемберлен. Во својата богата кариера, тој добил две номинации за Оскар, еден Златен Глобус и четири БАФТА награди, од кои последната е за животно остварување за неговиот извондреден придонес кон британската кинематографија.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1940 година Категорија:Починати во 2017 година Категорија:Англиски глумци Категорија:Заповедници на Редот на Британската Империја Категорија:Витези-бакалауреати Категорија:Добитници на Златен глобус