Моро — најголемиот залив на Филипините. Сместен е на островот Минданао и претставува дел од Целебеското Море. Има значајна улога во стопанскиот риболов, особено на туна.

Географија Заливот се протега помеѓу главниот дел на островот Минданао на исток и полуостровот Самбоанга на запад.

Позначајни второстепени заливи во Моро се Сибугејскиот и Илјанскиот Залив.

Градот Самбоанга лежи на заливот и Целебеското Море на исток и има значајно меѓународно пристаниште. Друго важно пристаниште е градот Котабато на источниот брег.

Земјотреси Заливот Моро е трусно подрачје со неколку раседни појаси кои предизвикуваат значајни земјотреси и цунами.

Поврзано Целебеско Море Самбоанга Минданао

Наводи

Категорија:Заливи на Филипините Категорија:Целебеско Море Категорија:Магинданао Категорија:Султан Кударат Категорија:Јужен Ланао Категорија:Северен Ланао Категорија:Јужна Самбоанга Категорија:Самбоанга Сибугај