мини|Соломонското Море
Соломонско Море — море во Тихиот Океан, помеѓу Папуа Нова Гвинеја и Соломонските Острови. За време на Втората светска војна тука се одиграле повеќе важни битки.
Опфат Според Меѓународната хидрографска организација, Соломонското Море ги има следниве граници:
На северозапад. По југоисточната граница на Бизмарковото Море [Линија од јужниот крај на Нова Ирска долж напоредникот 4°50' ЈГШ до брегот на Нова Британија, по нејзиниот северен брег, а оттаму линија од нејзиниот западен крај преку северниот крај на островот Умбој до ’ртот Телијата, Нова Гвинеја ()].
На североисток. По линија од јужниот крај на Нова Ирска до северниот крај на островот Бука, преку него до северозападниот крај на островот Бугенвил, долж јужните брегови на островите Бугенвил, Шоазел, Изабел [Санта Изабел], Малаита и Сан Кристобал [Макира].
На југ. Северната граница на Коралното Море помеѓу островот Сан Кристобал, Соломони и островот Гадо-Гадоа, кај југоисточниот крај на Нова Гвинеја [Островот Гадо-Гадоа кај нејзиниот југоисточен крај (), по овој перидијан до линија од 100 сажени, а оттаму долж јужните рабови на гребенот Улума (Саклинг) и оние кои се протегаат источно сè до југоисточниот крај на гребенот Лавик () кај островот Тагула [Ванатинаи], а оттаму линија до јужниот крај на островот Ренел и од неговиот источен крај до ’ртот Сирвил, источниот крај на островот Сан Кристобал].
На југозапад. По брегот на Нова Гвинеја и линија од најјугоисточната точка преку архипелагот Луизијада до островот Росел.
Најдлабоко место Во Соломонското Море е сместена Новобританскиот Ров, која достигнува длабочина од 9.140 м во Планетската Бездна.
Наводи
Надворешни врски Карта на Соломонското Море
Категорија:Мориња во Тихиот Океан Категорија:Мориња во Океанија Категорија:Географија на Папуа Нова Гвинеја Категорија:Географија на Соломоните