Сент Питер Порт (, ) — главен град и парохија на островот Гернзи и негово главно пристнаиште. Во 2001 г. населението броело 16.488 жители. На гернзискиот дијалект на нормандскиот и фраnцуски (некогаш службен јазик на Гернзи). Додавката „Порт“ го разликува од Сен Пјер ди Боа („Свети Петар Шумски“).
Градот е мал и претежно се состои од стрмни тесни улички со скалила. Познато е дека местото постоело како трговска населба уште пред римско време, но неговото претхристијанско име денес е изгубено.
Прекарот на жителите е les Villais (граѓани) или cllichards на гернзиски.
Географија Сент Питер Порт е сместен на источниот брег на Гернзи. Се граничи со парохиите Сент Сампсонс на север, Вале на северозапад, Сент Ендрус на запад и Сент Мартин на југ.
Крајбрежниот дел на градот гледа кон островот Херм на исток преку протокот Мал Расел, и островите Сарк и Бреку уште поисточно преку протокот Голем Расел помеѓу нив и Херм. Во Мал Расел е сместена тврдината Брехонска кула, меѓу Сент Питер Порт и Херм.
Релјеф Теренот северно од пристаништето е низински, но јужниот дел е многу повисок (но не колку Сент Мартинс или Форест). Забележителни се спилите на брегот меѓу Кевлет и Фермен.
Административна поделба thumb|250px|right|Замокот Корнет Сент Питер Порт е поделен на четири кантони: Кантон 1 или Северен кантон Кантон 2 или Северозападен кантон Кантон 3 или Југозападен кантон Кантон 4 или Јужен кантон
Во парохијата спаѓаат и островите Херм и Жету, но не припаѓаат на ниеден кантон.
Изборни единици Сент Питер Порт се состои од изборни единици: Сент Питер Порт Југ и Сент Питер Порт Север.
Поврзано Парохии во Гернзи Каналски Острови
Наводи
Надворешни врски Управа на Сент Питер Порт Портал на градската црква
Категорија:Гернзи Категорија:Парохии во Гернзи Категорија:Главни градови во Европа Категорија:Британски главни градови