Црвеното вино е еден вид на вино направено од темните (црни) сорти грозје. Вистинската боја на вино може да биде од интензивна виолетова, типична за млади вина, преку црвена за младите вина и кафеава за постарите црвени вина. Сокот од повеќето пурпурно грозје е зеленикаво-бела. Бојата доаѓа од пигмент наречен антоцијан, кој се наоѓа во лушпата на грозјето. Голем дел од продукцијата на црвено вино вклучува екстракција на боја и вкус од грозјето.

Производство мини|Налевање чаша црвено вино

Обработка на грозје Првиот чекор во производство на црвено вино, по собирањето, вклучува физичка обработка на грозјето. Грозјето се бере рачно или со машина.

Чистење и дробење При пристигнувањето во винарската визба грозјето обично содржи гранчиња и листови. Доколку се остават гранчињата, може да предизвикаат вкусот да биде горчлив, затоа гранчињата и листовите се отстрануваат рачно или механички. По процесот на чистење, грозјето најчесто е смачкано. Мешавината на грозје, лушпа, сок и семки се нарекува шира. Ширата се става во садови направени од челик што не ’рѓосува или од бетон, или од даб, за да ферментира.

Категорија:Алкохолни пијалаци Категорија:Ферментирани пијалаци Категорија:Вино Категорија:Нијанси на црвената боја