Серхио Рамос (роден на , во Камас) — шпански фудбалер, на Монтереј и поранешен репрезентативец на Шпанија. Со шпанската репрезентација, чиј е рекордер по бројот на настапи (180), бил Светски шампион во 2010 и Европски шампион во 2008 и 2012.
Клупска кариера Рамос започнал да тренира фудбал во екипата на Севиља. Откако ги поминал сите млади селекции, го направил своето професионално деби со Б тимот на Севиља, во сезоната 2003-2004. За првиот тим дебитирал на 1 февруари 2004, во натпреварот од Примера Дивисион 2004-2005 против Депортиво ла Коруња; неговиот тим, тогаш бил поразен со 1-0, а тој во игра влегол како резерва во второто полувреме. Во следната сезона, тој одиграл 31 натпревар во првенството за Севиља и бил стрелец на два гола, против Реал Сосиедад (2-1) и Реал Мадрид (2-2).
thumb|left|Рамос со Реал Мадрид против Селта Виго во сезоната 2016-2017 Во текот на летото 2005 година, тогаш деветнаесетгодишниот Рамос преминал во Реал Мадрид за обесштетување од 27 милиони евра. Првиот гол во дресот на Реал, го постигнал на 6 декември 2005, против Олимпијакос, во поразот со 3-2 во групната фаза на Лигата на шампионите. Тој го носел дресот на Реал Мадрид во следните 16 години, забележувајќи 671 настап и постигнувајќи 101 гол, носејќи ја и капитенската лента на клубот по заминувањето на Икер Касиљас. Со Кралевите ги освоил сите можни трофеи вклучувајќи: пет титули во шпанското првенство (2006-2007, 2007-2008, 2011-2012, 2016-2017, 2019-2020), два Купа на Шпанија (2010-2011, 2013-2014), четири Суперкупа на Шпанија (2008, 2012, 2017, 2020), четири Лига на шампиони (2013-2014, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018) три Суперкупа на УЕФА (2014, 2016, 2017) и четири Светски клупски првенства (2014, 2016, 2017, 2018). Со сите овие успеси, тој е третиот најуспешен играч во историјата на Реал Мадрид, зад Франциско Хенто и Марсело.
По истекот на неговиот договор со Реал Мадрид во летото 2021, на 8 јули, тој потпишал двегодишен договор со францускиот клуб . Поради проблеми со повреди, своето деби во Лига 1 го направил дури во ноември 2021, во натпреварот против . Во двете години со Парижаните тој освоил три трофеи, две француски првенства (2021–2022 и 2022–2023) и Суперкупот на Франција 2022.
На 4 септември 2023, Рамос се вратил во Севиља после 18 години, потпишувајќи едногодишен договор. Во декември 2023, со голот постигнат против во Лигата на шампионите, тој станал одбранбен играч со најмногу постигнати голови (17) во историјата на натпреварувањето, престигнувајќи ги Роберто Карлос и Жерар Пике. Во текот на сезоната 2023-2024, тој одиграл 37 натпревари и постигнал 7 гола за Севиља, но по завршувањето на истата не му бил продолжен договорот. Откако останал слободен играч во летото 2024, тој бил поврзуван со многу клубови, но не потпишал со ниту една екипа до крајот на годината.
На 6 февруари 2025, на 38-годишна возраст Рамос потпишал со мексиканската екипа, Монтереј. На 18 јуни, тој го постигнал првиот гол во ремито 1–1 против Интер за време на Светското клупско првенство 2025, а бил прогласен и за играч на натпреварот. Со тоа на возраст од 39 години и 80 дена, тој станал најстариот играч во историјата кој постигнал гол на Светското клупско првенство, соборувајќи го претходниот рекорд поставен од Хавиер Санети на изданието 2010 на возраст од 37 години. Во декемвери 2025, тој го напуштил Монтереј по истекот на неговиот договор.
Репрезентативна кариера За шпанската репрезентација дебитирал на 26 март 2005 година, во пријателскиот натпревар против Кина (3-0) одигран во Саламанка. На своето деби имал само 18 години и 361 ден, со што станал најмладиот играч во историјата на шпанската репрезентација. Подоцна, тој негов рекорд бил соборен од Сеск Фабрегас. Првите два гола за репрезентацијата ги постигнал во натпреварот против Сан Марино во квалификациите за Светското првенство 2006 што завршил со резултат 6-0 за Ла Роха.
Откако се нашол на списокот со повикани играчи за Светското првенство 2006, тој одиграл три натпревари на Мундијалот кој за шпанците завршил со пораз во осминафиналето од (1-3). На Европското првенство 2008, Рамос ги провел во игра сите 90 минути на секој натпревар, освен во натпреварот против Грција (2-1) во групната фаза. Шпанија го освоила првенството со победа над Германија (1-0) во финалето. Во текот на славењето кое било после натпреварот, Рамос ја носел маицата во чест на неговиот починат пријател и соиграч од Севиља, Антонио Пуерта.
Наредната година, со репрезентацијата го освоил и третото место на Купот на конфедерации 2009. На Светското првенство 2010, како и на Европското пред две години, тој бил стартер на сите натпревари на позицијата десен бек, а Шпанија го освоила ова првенство со победа над Холандија по продолженија (1-0) во финалето.
На Европското првенство 2012, тој добил нова улога играјќи во срцето на одбраната на Шпанија, позиција на која тој самиот рекол дека се чувствува удобно иако станал Светски и Европски шампион играјќи како десен бек. Тој ги одиграл сите натпревари на првенството одржано во Полска и Украина, реализирајќи важен пенал во пресметката против во полуфиналето одлучена токму по изведување пенали. Во финалето, Шпанија со убедливи 4-0 ја победила и ја одбранила титулата од пред четири години, а Рамос се нашол во Тимот на првенството.
Од 2015 година, Рамос станал капитен на репрезентацијата, наследувајќи го исто како и во Реал Мадрид, Икер Касиљас. На 7 јуни 2019, играјќи во победата со 4-1 против во квалификациите за Европското првенство 2020, тој го забележал својот 122 настап за репрезентацијата, со што станал рекордер по бројот на настапи престигнувајќи го Касиљас.
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 6 април 2025.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2002-2003 Севиља Атлетико СДБ 1 0 - - - - - - - - - 1 0 2003-2004 СДБ 25+5Регуларна сезона+Плејоф 2+0 - - - - - - - - - 30 2Вкупно Севиља Атлетико 26+5 2 - - - - - - 31 2 2003-2004 ПД 7 0 КШ 0 0 КУ 0 0 - - - 7 0 2004-2005 ПД 31 2 КШ 5 0 КУ 6 1 - - - 42 3 јул.-авг. 2005 ПД 1 0 КШ 0 0 КУ 0 0 - - - 1 0 авг. 2005-2006 ПД 33 4 КШ 6 1 ЛШ 7 1 - - - 46 6 2006-2007 ПД 33 5 КШ 3 0 ЛШ 6 1 - - - 42 6 2007-2008 ПД 33 5 КШ 3 0 ЛШ 7 0 СШ 2 1 45 6 2008-2009 ПД 32 4 КШ 0 0 ЛШ 8 1 СШ 2 1 42 6 2009-2010 ПД 33 4 КШ 0 0 ЛШ 7 0 - - - 40 4 2010-2011 ПД 31 3 КШ 7 1 ЛШ 8 0 - - - 46 4 2011-2012 ПД 34 3 КШ 4 0 ЛШ 11 1 СШ 2 0 51 4 2012-2013 ПД 26 4 КШ 3 0 ЛШ 9 1 СШ 2 0 40 5 2013-2014 ПД 32 4 КШ 8 0 ЛШ 11 3 - - - 51 7 2014-2015 ПД 27 4 КШ 2 1 ЛШ 8 0 СУ+СШ+Скп 1+2+2 0+0+2 42 7 2015-2016 ПД 23 2 КШ 0 0 ЛШ 10 1 - - - 33 3 2016-2017 ПД 28 7 КШ 3 1 ЛШ 11 1 СУ+Скп 1+1 1+0 44 10 2017-2018 ПД 26 4 КШ 1 0 ЛШ 11 1 СУ+СШ+Скп 1+2+1 0 42 5 2018-2019 ПД 28 6 КШ 6 3 ЛШ 5 0 СУ+Скп 1+2 1+1 42 11 2019-2020 ПД 35 11 КШ 2 0 ЛШ 5 2 СШ 2 0 44 13 2020-2021 ПД 15 2 КШ 0 0 ЛШ 5 2 СШ 1 0 21 4Вкупно Реал Мадрид 469 72 48 7 129 15 25 7 671 71 2021-2022 Л1 12 2 КФ 1 0 ЛШ 0 0 СФ - - 13 22022-2023 Л1 33 2 КФ 3 1 ЛШ 8 0 СФ 1 1 45 4Вкупно Париз Сен Жермен 45 4 4 1 8 0 1 1 58 6 сеп. 2023-2024 ПД 28 3 КШ 4 2 ЛШ 5 2 СУ - - 37 7Вкупно Севиља 67 5 9 2 11 3 - - 87 10 фев.-јун. 2025 Монтереј ПД 8 3 - - - ККШ 1 1 КЛ+Скп 0+4- 0+1 13 5 2025- јан. 2026 ПД 19 3 - - - - - - КЛ 2 0 21 3Вкупно Монтереј 27 6 - - 1 1 6 1 34 8Вкупно во кариерата 639 89 61 10 149 19 32 9 881 127
Трофеи
Клупски Реал Мадрид Примера Дивисион : 5 2006-2007, 2007-2008, 2011-2012, 2016-2017, 2019-2020 Куп на Шпанија : 2 2010-2011, 2013-2014 Суперкуп на Шпанија : 4 2008, 2012, 2017, 2020 Лига на шампиони : 4 2013-2014, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018 Суперкуп на УЕФА : 3 2014, 2016, 2017 Светско клупско првенство : 4 2014, 2016, 2017, 2018
Париз Сен Жермен Лига 1 : 2 2021–2022, 2022-2023 Суперкуп на Франција : 1 2022
Репрезентативни Шпанија У19 Европско првенство под 19 години : 1 2004
Шпанија Светско првенство : 1 2010 Европско првенство : 2 2008, 2012
Наводи
Надворешни врски
Real Madrid official profile National team data
Official website
Категорија:Живи луѓе Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Севиља Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на ФК Монтереј Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери од Примера Дивисион (Мексико)